Skip to main content
Сеп 12, 2011

На последната седница на Советот на општината, не помина Одлуката за утврдување на цени за вонредно чистење на улиците, кое го врши Јавното Претпријатие „Охридски Комуналец“.


Ное 9, 2017

Триесетина охриѓани ќе добијат субвенции за ПВЦ прозори. На листата  граѓани од цела Македонија се 1100 баратели.  Граѓаните во наредниот период може да очекуваат на нивните сметки да се префрлат по 500 евра државни субвенции.  Субвенциите се доделени во согласност со принципот „прв дојден, прв услужен“.


Сеп 12, 2011

Охридските пензионери, севкупни победници на републичките пензионерски спортски натпревари. 400 пензионери од 39 здруженија се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини. Оваа година домаќин на шеснаесеттите по ред вакви натпревари беше кампот Ливадиште во Струга.


Сеп 10, 2011

Наставниците кои во изминативе 5 години беа дел од проектот „чекор по чекор“, на средба во Охрид. Активностите кои се спроведоа се во рамките на проектот за основно образование на USAID,  финасирано од американската агенција за меѓународен развој и на иницијатива од фондацијата „Чекор по чекор“ од институтот отворено општество и од универзитетот од Кембриџ.


Окт 30, 2010

Македонската ракометна репрезентација утре против Босна и Херцеговина со почеток од 20 часот го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство што 2012 година ќе се одржи во Србија.


Ное 27, 2021

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ј.(34) од Прилеп и И.У.(40) од Велес, двајцата со привремен претстој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка телесна повреда” и „одземање моторно возило”.


Сеп 10, 2011

Мотористи од Македонија, Балканот и цела Европа по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија, на ревијално рели низ земјата. Заедно со Република Македонија, и ова рели слави свој 20 годишен јубилеј. Веќе се извозени две етапи од релито, а останува уште третата и последна етапа со што ќе се заокружи овогодинешното издание на мото-релито.


Ное 8, 2017

Турската агенција Тика планира изградба на  нова училишна зграда на местото на ОУ „Братство Единство“. Иницијативата е на неколку граѓани. Градоначалникот  Стојаноски оствари средба со претставници од „Тика“ и им ги презентира потребните документи.  


Сеп 10, 2011

27 годишниот Марко Кабранов, синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна незгода. Немилиот настан се случил на влезот на Пештани на регионалниот пат Охрид – Св. Наум.