Светски уметници конкурираат за наградата „Златен Остен“
73 години слободен Охрид
Денот на ослободувањето на Охрид, 7 ми ноември останува вечен паментиник за идните генерации кој треба да се слави во чест за хероите кои го положија својот живот за денешната слобода, истакна градоначалникот проф. Јован Стојаноски на денешната пригодна свеченост по повод денешниот ден.
Економската експлоатација на децата-глобален проблем
Родителите од струшко Подгорци, протестираат
Родителите на децата албанци од Подгорци денес протестираа пред зградата на општина Струга. Тие се против одлуката на Министерството за образование за укинување на албанските паралелки во ОУ „Гоце Делчев“. Градоначалникот Рамиз Мерко смирува и вели дека работат на надминување на проблемот.
Владата пишман аџија за охридската Касарна
Еднаш најавува Охридската касарна да припадне на Локалната самоупрва, за потоа да се премисли. Најновата одлука е просторот да го додели на Министерството за образование. Во админситративната зграда на касарната се адаптираат канцаларии за неколку подрачни единици од различни министерства.
Повторно на површина исплива проблемот што Охрид нема марина
Повторно на површина исплива проблемот што Охрид нема марина. Сопствениците на бродовите и едрилиците кои ги има во се поголем број денес одржаа состанок во Охридската капетанија на кој беше истакнат проблемот со немање простор за усидрување на пловилата. Капетанот на Охридската капетанија рече дека Министерството за транспорт и врски добро е запознаено со проблемот и дека има интерес за да се направи долго најавуваната марина.