Авг 13, 2011
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе се реорганизира
Поинтензивен развој на туризмот се гледа во формирање на Национален комитет за туризам.
Окт 25, 2017
„ПОСЛЕДНА НОЌ“ ВО ОХРИД
Сабота 28.10.2017 со почеток 20:00, Народен театар Битола ја донесува претставата „Последната ноќ“ од Ингма Вилквист. Билети на касата на Центар за Култура Григор Прличев Охрид.
Авг 12, 2011
Инструмент со кој се развива демократијата во РМ
Охридскиот Рамковен договор,овозможи развој на демократијата, рече Претседателот Ѓорге Иванов на отоворањето на Конференцијата посветена на 10-годишнината од Рамковниот договор во Охрид .
Авг 31, 2012
Ќе живне ли конечно колекторскиот систем
Јапонците разгледаа се што е поврзано со колекторскиот систем, во Охрид и Струга, дури ѕирнаа и во шахтите. Не е лесно да се дојде до парите од Јапонската влада за реконструкција на колекторскиот систем, но факт е дека шансата за тоа е реална.
Авг 12, 2011
Започна со работа компјутеризираниот томограф
Започна со работа долго очекуваниот компјутеризиран томограф во охридската општа болница. Ново формираниот Радиолошки центар доби најсофистициран апарат кој се користи во современата радиодијагностика.
Окт 24, 2017
Дебарскo Кичевската епархија нема да го следи примерот на Повардарската епархија
Дебарско Кичевската епархија нема да го следи примерот на Повардарската епархија. Не воведува давачка за фотографирање во верските објекти. Охрид станува се поатрактивен за многу млади двојки од земјава и странство токму тука да стапат во брак и заветот пред Бога да го дадат во некоја од охридските цркви.
Авг 12, 2011
Додека се бараат надлежностите, трпат граѓаните
Веќе втор ден, група на станари од зграда на улицата Сатеска се мачат со водата која мистериозно се појави во нивните подруми. Ги контактирале службите и на Проаква, и на Нискоградба, но проблемот сеуште не е решен. Во очај започнале сами да копаат во подрумите и со одводна пумпа да спречат понатамошно поплавување. Тие сеуште не знаат чија надлежност проблемот, а водата и натаму тече.
Авг 11, 2011
Прва премира на Oхридскиот театар на фестивалот Охридско лето
Охридскиот театар со својата втора премеира, премирно на Охридско лето. „Ова е голем ден за Охридско лето и новоформираниот Охридски театар и голем ден за македонската уметност, затоа што во 50 тите години се случи затворање на театарската куќа во Охрид, што значеше погубен чин и за градот и за македонската за татараската уметност. Кога ќе се отвори театар, се отвота куќа на уметност, волшебства… Тоа му се случи на Охрид со возобнувањето на Охридскиот тетар“, истакна драмскиот селектор на Охридско лето Ѓорѓи Јолески.
Окт 8, 2010
Каролин Возниацки број 1 на ВТА
Со победата над Петра Квитова на Отвореното првенство на Кина во тенис и пласманот во четвртфиналето, Каролин Возниацки го презеде првото место на ВТА листата од Серена Вилијамс.