Skip to main content
Авг 15, 2011

Вечерва, хуманитарен концерт за собирање средства за Искра Донева која боледува од церебрална парализа и има потреба од операција која треба да се направи во Русија.


Ное 28, 2014

Со оглед на тоа што 03.12.2014година (среда) е прогласен за ден на дрвото и  е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, 33-тата седница на Советот на општина Охрид се презакажува за ден 04.12.2014 година ( четврток) со почеток во 13,30 часот.


Авг 13, 2011

Вечерва во центарот на култура Григор Прличев ќе се одржи проекција на филмот „Мирно лето“во режија на Димитрие  Османли.  Со вечерашното прикажување на филмот ќе се одбележи 50 годишнината од снимањето на единствената македонска комедија од која целото дејствие се одвива во Охрид.


Окт 25, 2017

Никогаш не е доцна да се реставрираат старите чаршии во Охрид и Струга, вели историчарот проф д-р Павле Митрески. Архитектите пак велат дека иако се е изгубено со многу пари од државата има  можност да се возобноват  делови од загубениот изглед  на чаршиите.  Враќањето на некогашниот амбиент на занаетчиските дејности пак ќе значи и поголема посетеност од туристите. 


Авг 13, 2011

Сомнителни пораки преку фејсбук, разговори со непознати и покани за комуницирање со веб камера, а жртви се малолетните деца. Интернет педофилија, објавување лажни информации за личности, креирање лажни профили. Ова се сериозни проблеми кои произлегуваат од огромната популарност на виртуелната социјализација.


Мар 13, 2014

Kуќата на херојката Kалеш Анѓа, синоним на македонскиот непокор против потурчувањето, се спасува од распаѓање и наскоро ќе биде отворена за посетители.


Авг 13, 2011

Поинтензивен развој на туризмот се гледа во формирање на  Национален комитет за туризам.


Окт 25, 2017

Сабота 28.10.2017 со почеток 20:00, Народен театар Битола ја донесува претставата „Последната ноќ“ од Ингма Вилквист. Билети на касата на Центар за Култура Григор Прличев Охрид.


Авг 12, 2011

Охридскиот Рамковен договор,овозможи развој на демократијата, рече Претседателот Ѓорге Иванов на отоворањето на Конференцијата посветена на 10-годишнината од Рамковниот договор во Охрид .