Skip to main content
Окт 13, 2017

„Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина“, рече на завршната прес конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ Јован Стојаноски.


Јул 26, 2011

„Охридски Комуналец“ и Општина Охрид, продолжуваат со иницијативата за решавање на проблемот со животните скитници.


Мар 4, 2014

За да се спасите од срцев и мозочен удар, избегнете ја екстремната лутина. Тогаш шансите да ве „плесне“ мозочен со3-5 пати поголеми.


Јул 26, 2011

Најискрената публика, децата вечер во предворјето на Св.Софија ќе може да уживаат во изведбата на делото на Луис Керол, од страна на Тетарот за деца и младинци, а  во режија на Александар Ивановски.


Окт 13, 2017

Не срамете  се, не одложувајте, најдете време за прегледи, апелира до жените, Билјана Цветановска која се соочи со борба  против карционом на дојка. Навремената контрола и раното откривање на ракот на дојка значи победа на болеста. Охрид заборави на розовата панделка во октомври меѓународниот месец за  борба против ракот на дојка.


Јул 25, 2011

Дваесеттинa домаќинства од улицата „Момчило Јорданоски“ никако да го решат овој долгогодишен проблем, кој само што не ескалирал.


Авг 29, 2012

Долговите на училиштата за транспорт и огрев за учениците, изнесуваат повеќе од половина милион евра.


Јул 25, 2011

Викендов територијалната противпожарна единица од Охрид имаше три интервенции на отворен простор.Пожар имаше кај коплексот Инекс Горица, во близина кај населбата Шипокно и на улица АРМ во Охрид. Како што појаснуваат од противпожарната служба сите пожари биле на отворен простор, кои благодарение на навремената интервенција на Територијалната Против Пожана Единица, пожарите биле брзо време локализирани и изгаснати, без поголема матријална штета.

„Обично овие пожари во овој период се најмногу и како намера но сепак е заведено како невнимание. Кај Инекс и Шипокно, пожарите најверојатно настанале од  излетници кои што користеле отворен пламен за своја употреба па огнот им е избеган од контрола и пријавено е кај нас. Интервениравме со две возила за да не се прошири на шумскиот дел“, вели командирот на Територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски.

Прентоски додава дека при заштитата на пожари овој период многу ќе помогне одлуката за контролирање движење во шумски простори која стапи на сила на 20 овој месец.
Командирот додава дека и покрај тоа што противпожарната единица е одлично екипирани и кадровски и технички доста опремени, за да се справат со било која ситуација, сепак апелира до сите да внимаваат со упоребата на оган на отворен простор. Тој додава дека во овој период во услови на ветар и горлив вегетациски матријал, огнот неконтролирано се шири. „Сувата вегетација е многу подобра за глетка од изгорема вегатација“, вели командирот на Територијалната противпожарна единица Спасе Прентоски.

Тој додава дека ТППЕ до овој период од 01 јануари до денеска 25 има 121 интревенција од кои 56 интервенции се на објекти 46 на отворен простор и 7 на сообраќајни средства на подрачјето на општина Охрид, 1 интревенција на објект, 7 на отворен простор ин 1 на сообраќајни средсва во општина Дебарца и 1 интревенција во општина Струга како припомош на општина Струга.

Од противпожарна единица напоменуваат дека за жал на одредени локации во Охрид имаат проблем и со пристапноста до опожарената локација поради  жардињери, ракламен матријал но и направилно паркирани автомобили.


Окт 12, 2017

Два современи трговски центри, катна гаража со најголем паркинг простор кој ќе обезбеди место за 100 возила во централното градско подрачје ќе добие градот со изградбата на свтобуската станица и затворениот пазар. Ова денеска го откри Градоначалникот во заминување Никола Бакрачески кој вршеше увид на локациите каде се изведуваат градежните работи.