Се интензивираат археолошките активности на струшкиот музеј
После откриените тајни на некрополота од железно време кај локалитетот „Голача“, ќе продолуваат и подводните археолошки истражувања кај локалитетот „Врбник“.
ТАКСО проектот ги зближува граѓанските организации и локалните самоуправи
Образованието во фокусот на денешната седница
Градските избраници сакаат до крај да си ја довршат работата во советот. Денес се одржа 75тата седница на која најголем акцент се стави на образованието и на состојбата во која се наоѓаат училиштата во градов.
Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право
Полските туристи пристигнаа и во Охрид
Патот на успехот секогаш води во странство
Четворица починати за едно деноноќие во штипскиот ковид центар
Четворица пациенти ја загубија битката со коронавирусот во штипскиот ковид центар. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека двајца од пациентите се од Радовиш на возраст од 72 и 73 години, а другите двајца од Штип на возраст од 78 и 79 години. Пациентите имале и други здравствени проблеми, а тројца од нив биле и невакцинирани.
Раѓање на совршенството-ироничен приказ на злоупотребата на дроги
Раѓање на совршенството, е ироничниот наслов на првата самостојна изложба на младата надежна уметничка, Мила Коцарева. Изложените 50 слики во пастелна техника се лично видување на Мила за опасноста во која се наоѓаат младите кои злоупотребуваат наркотични средства. Оваа изложба е по повод 26 Јуни-Меѓународниот ден за борба против злоупотреба на дроги.
Тилевски: Паркот кај „Студенчишта“ ќе биде ново препознатливо место во Охрид
Парковите се лицето на градот и затоа ќе работиме на нивно доуредување, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ др Митко Тилевски. Тој рече дека како поборник за здрава животна средина, паркови и зеленило ќе настојува да се изгради нов парк кај каналот Студенчишта со содржини во кои гостите и охриѓани ќе поминуваат дел од своето време, а ќе има и парк за миленици.