Skip to main content
Окт 2, 2017

Истите кои некогаш историски барале право, денес нам ни го оспоруваат- рече поглаварот на Македонска православна црква г.г.Стефан на духовната академија по повод 50-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква.


Јун 29, 2011

Водоводот наменет за Охрид мора да се оддели. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески не се откажува од тоа. Тој предлга две варијанти, или формирање на ново ЈП, или поделба на веќе постоечкото кое делува во рамките на МЈП „Проаква“.


Јун 29, 2011

Летниот режим на сообраќај доби зелено светло од страна на Охридските избраници. Советниците и покрај тоа што го изгласаа, сепак дадоа и предлози што треба да се направи во иднина за трајно решавање на проблемот со статичкиот и динамичкиот сообраќај.


Јун 8, 2010

Научниците посочија дека фудбалерите кои ќе изведуваат пенали на Светското првенство во Јужна Африка треба да ги игнорираат голманите од противничките табори и да се фокусираат иклучиво на местото каде ќе ја шутнат топката.


Ное 26, 2021

Струга го решава деценискиот проблем со водоснабдувањето. Започна реконструкција на водоводната мрежа и реконструкција на пумпната станица кај изворите во Шум. Почетната инвестиција на проектот изнесува 400 илјади евра обезбедени од Општината, а дополнителни 200 илјади евра за зафатите со кои ќе се обезбедува вода во руралните средини.


Јун 29, 2011

Тенденциозната иницијатива на неколку скопски туристички агенции претставува само лага и дава погрешна слика за нашиот туристички бисер. Охрид никогаш не бил поевтин и поорганизиран за дочек на сезоната, додаваат тие.


Окт 2, 2017

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“, предвидуваат изградба на откупно дистрибутивен центар на земјоделски производи, истакна на денешената прес конференција  нивниот кандидат за градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски.


Јун 29, 2011

ЈП „Погребални услуги“ доби амин од советниците дека можe да ги зголеми  цените на дел од своите услуги. „ Добивме предлог со кој ЈП бара зголемување на цените за погребални услуги, па се запрашуваме зошто. Со поделбата на ЈП се соочуваат со реални проблеми од финансиска и кадровска политика, не сакам да верувам дека со зголемување на цените преку грбот на граѓаните се трудат да ги наплатат“, вели “,советникот Дејан Паноски.


Авг 27, 2021

Техничка и материјална поддршка на нашиот противпожарен систем ќе биде во фокусот на стратешко партнерство во одбраната помеѓу Македонија и Словенија. Ова на заедничката прес конференција во Охрид го соопштија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин.