Skip to main content
Јун 27, 2011

Четириесет и четврто издание на Меѓународниот семинар за Македонски јазик, култура и литература.


Јун 25, 2011

Скоро како по навика и тие воодушевени од она што го нуди нашиот град, но и Македонија воопшто. Групата се состои од полски туроператори и новинари кои нема само да ја разгледуваат земјата, туку ќе направат и серија репортажи за Македонија. Од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот задоволни од нашата презентација пред полските туристи.


Јун 5, 2010

Стружанецот Величе Шумуликоски не се откажува од спортот. Неговите почетоци се во ФК Караорман – Струга. Од јуни 2009 год. игра за Престон-Англија.


Ное 19, 2021

Четворица пациенти ја загубија битката со коронавирусот во штипскиот ковид центар. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека двајца од пациентите се од Радовиш на возраст од 72 и 73 години, а другите двајца од Штип на возраст од 78 и 79 години. Пациентите имале и други здравствени проблеми, а тројца од нив биле и невакцинирани.


Јун 25, 2011

Раѓање на совршенството, е ироничниот наслов на првата самостојна изложба на младата надежна уметничка, Мила Коцарева.  Изложените 50 слики во пастелна техника се лично видување на Мила за опасноста во која се наоѓаат младите кои злоупотребуваат наркотични средства. Оваа изложба е по повод 26 Јуни-Меѓународниот ден за борба против злоупотреба на дроги.


Сеп 29, 2017

Парковите се лицето на градот и затоа ќе работиме на нивно доуредување, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ др Митко Тилевски. Тој рече дека како поборник за здрава животна средина, паркови и зеленило ќе настојува да се изгради нов парк кај каналот Студенчишта со содржини во кои гостите и охриѓани ќе поминуваат дел од своето време, а ќе има и парк за миленици.


Јун 25, 2011

На изветвената и испрашена црно бела фотографија закачена на ѕидот од резбарската работилница заробен е еден момент од животот на стариот резбар. Гледајќи ја фотографијата Љубен Џамбазов со носталгија си припомнува  на деновите од младоста поминати во изучување на резбарскиот занает.


Авг 27, 2021

Од НУ Завод и музеј за следната година најавуваат проекти насочени кон решавање на старите проблеми запоставувани долго време, а меѓу кои се и  двата охридски археолошки локалитети. Оваа година бројни проекти се стопирани заради пандемијата.


Јун 24, 2011

Заводот за лекување, првенција и рехабилитација на кардиоваскуларни болести од Охрид, со гордост го одбележа овој мал јубилеј. Извршена и пет илјадитата интервенција кај  лица со срцево садови заболувања, а се наоѓаат во животозагрижувачка состојба.