Skip to main content
Сеп 28, 2017

За младите  Охрид ќе го направиме перспективно место за живеење. Ќе се зголемува  животниот стандард на граѓаните и ќе се привлекуваат младите кои ќе отпочнуваат развој на бизниси, порачуваат кандидатите за советници од СДСМ  и коалицијата.  


Јун 21, 2011

Првиот дел од јунскиот уписен рок заврши. Од Средното Општинско училиште, „Св.Климент Охридски“, задоволни од интересот.


Авг 27, 2021

Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос, на првиот натпревар од новата сезона настапија со специјални дресови посветени на 100-годишниот јубилеј на фудбалот во Охрид.


Јун 21, 2011

Tрадицијата на одбележување на 21. јуни како Денот на Охридското Езеро беше воспоставена во 2001 година.


Сеп 28, 2017

Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 30-ти септември, сабота, во катедралниот храм „Света Софија“, со почеток во 09.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија  ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие).


Јун 20, 2011

Уништувањето на бројните фрески во Охридските  цркви,  мозаиците и останатите археолошки артефакти  подолго време беа  резултат на недостокот  од наши стручни лица конзерватори. Така, за санација и решавање на проблемите најчесто беа ангажирани странски конзерватори.


Сеп 27, 2017

Центарот за јавно здравје од Охрид набави  вакцините против сезонски грип. Имунизацијата против ова заразно заболување ќе започне на почетокот на октомври. Од оваа година се воведува новина при вакцинирањето па сите оние кои што се болни, хронични болни и се со телесен инвалидитет како и лица над 65год. ќе можат да бидат вакцинирани во нивните домови.


Јун 20, 2011

Народните носии на 60 ансамбли од 16 земји ќе го обојат овогодинешното издание на Меѓународниот фестивал „Разиграно оро“. Рекордните 2500 учесници ќе ги претстават своите земји на најмасовниот фестивал од ваков вид на македонско тло. Отворањето на фестивалот е закажано за 2ри Јули во магичната атмосфера на античкиот театар.


Авг 27, 2015

Невообичаено топло време кое ќе потрае до ноември, прогнозираат светски метеоролози