Skip to main content
Фев 19, 2025
ЈЗУ Општа болница Охрид
Завршено реновирањето на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија во охридската болница.

Фев 19, 2025
Старите занаети се во изумирање, а со тоа во заборав оди и дел од традицијата и историјата. Но и занаетите како водоводџија, електричар, лимар, кондураџија, шнајдер полека стануваат се подефицитарни и за брзо време ќе нема мајстор ни за лек, велат од Регионална занаетчиска комора Охрид. Младите не сакаат да учат и да работат занаетчиство затоа што сметаат дека тоа е тешко и неисплатливо. А на оние ретките кои сепак ќе се решат да отворат занаетчиска дејност неопходна им е поддршка преку субвенции, олеснување на давачки и обуки.

Фев 19, 2025

Фев 19, 2025
општина охрид
Општина Охрид креираше нова веб-страница – www.visitohrid.com.mk посветена на промовирање на туризмот и угостителството во нашиот регион.

Фев 19, 2025
Повеќе од 150 китови се насукани на плажа во австралиската островска држава Тасманија, објави Одделот за природни ресурси и животна средина.

Фев 19, 2025
Сотосов синдром претставува нарушување кое се карактеризира со специфичен изглед на лицето кое е долго и тесно, со високо чело, зацрвенети образи, мала зашилена брада, прекумерен раст во детството, нарушување на интелектуалниот развој.

Фев 19, 2025
Комуналното претпријатие ке го возобновува возниот парк. Годинава ќе бидат набавени шест нови возила за подигнување и транспорт на отпад. Екипите на ЈП Охридски Комуналец изминатата година подигната 1128 м3 на градежен шут и 896 м3 на кабаст отпад.

Фев 19, 2025
Прв еко пазар на облека и користени предмети во Охрид
Половната облека е актуелна поради многу славни личности што во последно време ја промовираат, но и поради борците за зачувување на животната средина, затоа што новата употреба на старата облека е еден вид рециклирање. Охрид го направи првиот чекор, се одржа првиот еко пазар, чија цел е намалување на загадувањето од текстил.

Фев 19, 2025
ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид
Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски” по повод одбележувањето на 21. февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик организираат ораторска вечер.