Skip to main content
Јун 10, 2011

Општинската организација на Црвен крст и по седум години не најде слух и разбирање кај надлежните органи за да обезбедат локација за функционирање на Центарот за безбедност на вода.


Сеп 25, 2017

Oстварена средба помеѓу кандидатите за градоначалници на престојните локални избори, на која беа договорени фер, демократски и легитимни избори.


Јун 10, 2011

Страшното невреме кое вчера во раните утрински часови го зафати Охрид, но и поголем дел од државата ги остави граѓаните со оштетени куќи, подруми и посеви. Голем дел од нив ги пријавиле своите штети во локалната. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Хари Шокароски лично ги посети местата кои претрпеле најголеми оштетувања од невремето.


Јул 8, 2020

Коментаторски и етикетирачки е презентирана информацијата на порталот Лидер објавена под наслов „И официјално збогум СЈО, добредојде за обвинителите под капата на Заев’’ откако Законот за Јавно обвинителство донесен во февруари годинава, стапи на сила денеска. Во информацијата ниту има официјални изјави ниту пак има експертски ставови за законското решение туку само ,,голо’’ и ,,навивачко’’ коментаторство со прашања и одговори на непотпишан автор и етикетирање на обвинителите дека работат под инструкции на екс премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.


Јун 10, 2011

Условите во затворите, казнено-поправните домови и психијатриските болници, дури и во полициските станици во Република Македонија се далеку под посакуваните.


Сеп 23, 2017

Охрид полека ама сигурно го враќа едрењето на спортската мапа. Денес се одржа втората едриличарската регата  во организација на Јахтинг клубот Акватика на која учествуваа гости од Србија. Регатата имаше ревијален карактер а целта беше да се покажи дека Охрид има услови за едрење не само на лето туку и во другите месеци од годината.


Јун 9, 2011

Земјоделците збунети од она што го видоа, сеуште не можат да се помират со она што им се случи. 100 % уништени се црешите, кајсиите, праските, грозјето но и градинарските култури. Велат вакво нешто не паметат.


Сеп 23, 2017

Денес на потегот од старото пристаниште до каналот Студенчишта охридските нуркачи го чистеа дното на езерото. Целта е да се подигне јавната свест за зачувување на природните реткости како што е нашето бесценето Охридско Езеро, велат нуркачите. Тие укажаа дека најголеми загадувачи се граѓаните на Охрид, посебно во деловите каде што гравитираат населбите покрај езерото.


Јун 9, 2011

ОО на Црвениот крст и Сава Табак осигурување организираа заедничка крводарителска акција. Одзивот на Охрѓани огромен. Тие и овој пат покажаа дека се хумани и дека се редовни посетители на овие акции.