Skip to main content
Мај 31, 2010

Се бројат деновите до најголемиот светски спортски настан – Светското фудбалско првенство во Јужна Африка.


Фев 15, 2022

Општина Охрид издала единаесет одобренија за градба во месец декември. Според податоците на Државниот завод за статистика во земјава се издадени одобренија за градење близу 24 проценти повеќе во однос на истиот месец од 2020 година. Најмногу дозволи за градба се издадени во Скопскиот, а Југозападниот регион е на четврто место од седумте плански региони во земјава.


Мај 27, 2011

Собраните пари кои ќе се приберат од хуманитарната акција „За посреќно детство“, која традиционално се организира од општинската организација  на Црвен крст, овој пат ќе бидат наменети за помош на најмладите од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.


Сеп 14, 2017

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во  сабота на 16 септември 2017 год. ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција)


Мај 27, 2011

Професори од земјите на југоисточен Балкан ги изнесоа своите меѓународно рецензирани трудови на тема „Безбедноста на постконфликтниот (западен) Балкан, транзицијата и предизвиците на Р. Македонија.


Авг 26, 2021

Во организација на Здружението за литература и култура „Мацково“ од Охрид, денеска и наредните два дена, се одржува Третиот Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“. Учесници се млади поетски надежи од Македонија, Србија и Албанија – со физичко присуство, уште и од  Бугарија и од Босна и Херцеговина – Република Српска. Младите творци од поетскиот камп ќе ја испратат пораката дека културните вредности се безгранични и безвремени.


Мај 26, 2011

На почетокот на седницата на Советот на општина Охрид – пауза. Недоразбирање помеѓу позицијата и опозицијата во Советот, по предложувањето на дополнителна точка на Дневниот ред.


Сеп 13, 2017

Охридските земјоделци и овоштари бројат загуби од годинешната реколта на храна. Повеќе од половина од  житните и градинарските култури се уништени.  Земјоделците повикуваат во иднина за спасот од сушата  да интрвенираат институциите со     изградба на мини акумулации за наводнување на земјоделските и овоштарските површини.  


Мај 26, 2011

Прва пресс конференција на Општинската изборна комисија. Претседател на истата е Ангелина Недеска, заменик претседател е Арсим Османи, а челнови на коомисијата Наташа Србиноска, Оливера Лечоска, Томе Џамтоским, Сeрафин Наумоски и Ранко Крстески.