Мај 9, 2011
Охридските кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ пред очите на јавноста
Денот на победата над фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ го одбележа и во Охрид. Им оддадоа почит на сите жртви од Втората Светска војна, напомнувајќи дека идеите и вредностите на Европа треба да живеат и во Македонија. Во исто време тие ја искористија можноста да ги промовираат Охридските кандидати за пратеници во Македонскиот парламент.
Мар 3, 2014
Тимот на професорката Ванковска со критика до медиумите околу известувањето за процеост на собирање на потписи
Денес на социјална мрежа фејсбук изразија благодарност до оние кои ја поддржале.
Мај 9, 2011
Охрид домаќин на 12-тата годишна конференција на македоската берза
Сегашноста и иднината на македонскиот пазар на капитал, можностите и активностите што треба да го преземат македонските институционални инвеститори за раздвижување на пазарот, како и новините во Законот за трговски друштва што се однесуваат на одржувањето и свикувањето на акционерските собранија се дел од темите на кои ќе расправаат сто и дваесетте финансиски експерти и берзански работници во рамките на 12 тата годишна конференција на македонската берза.
Сеп 2, 2017
Охридската софра и годинава привлече голем број гости
Прекрасниот амбиент во Скребатно и годинава беше место каде добрите кулинари го подготвуваа охридското ѓомлезе. Јованка Кантароска, Крсте Џуклески и Илинка Билбилоска Коваческа се тројцата наградени за највкусно ѓомлезе на овогодинешната манифестација Охридска софра.
Мај 7, 2011
Камбанаријата во Перивлепта раскажува за Пупин
Звукот на ѕвоното од камбанаријата од дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта се разлева силно и надалеку. Со радосниот одек се разлева споменот за Св. Климент, но и сеќавањето на Михајло Пупин, донаторот на камбанаријата.
Фев 20, 2014
„Дил“ на годината
Во 2009-та година Фејсбук не го прими на работа. Денеска му изброи 19 милијарди долари.
Мај 7, 2011
Убавините на Охрид и Македонија на Руската национална телевизија
Руската Национална телевизија снима документарни филмови за Македонија и Охрид. Екипата во моментов ги прави завршните снимања. Филмовите ќе се емитуваат на специјализираниот канал за патувања кој го носи името на проектот „Моја планета“, открива авторот и водител на филмовите Екатерина Бурлакова.
Сеп 1, 2017
Д-р Јован Стојаноски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ
Д-р Јован Стојаноски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ. Иако оваа информација сеуште не е официјално потврдена таа е донесена од највисокото партиско раководство во Скопје. Сеуште не се знае со кого ќе се трка Стојаноски бидејќи од страна на ВМРО ДПМНЕ не е познат кандидатот за градоначалник на Охрид.
Мај 7, 2011
Одбележан денот на полицијата
СВР Охрид, денот на полицијата или денот на безбедноста го одбележа со низа активности. На кејот Маршал Тито беа поставени четири информативни пунктови каде посетителите се информираа за активностите на велосипедската единица, граничната, езерската и сообраќајната полиција.