Skip to main content
Мај 15, 2010

Северна Кореја нема да има многу навивачи на Светското Првенство во Јужноафриканската Република, така што владата одлучила да регрутира фанови од Кина.


Окт 1, 2021

Гоце Фулко ни испрати слики во „Ти си твојот град“ од кои се гледа раскопан тротоар на главниот пат Охрид-Св. Наум кај населбата Горица. Тој вели дека на тоа место од ЈП Водовод работеле на цевка, го раскопале тротоаторот, но не го вратиле во првобитната состојба.


Апр 12, 2011

Охриѓани се почесто другаруваат со книгата. Иако најчесто се жалат на недостиг од време, сепак читателската публика расте. Почнувајќи од денес па до недела читателите ќе имаат можност да се сретнат со книгата на 23тото меѓународно издание на Саемот на книга кој се одржува во Скопје. Мотото на овој саем е „Подари книга, подари богатство“.


Авг 19, 2017

Германецот Aлександар Студзински  и италијанката Барбара Позобон се победници на 31-от  Охридски пливачки маратон. Во изедначена битка за првото место тие  беа  најбрзите маратонци  во бробата за првото место меѓу дваесет и двајцата учесници. Нашиот Евгениј Поп Ацев се пласира на второто место. 


Апр 11, 2011

Политичкиот ангажман за претстојните избори причина за смената на раководниот кадар во МЈП Проаква. Наместо досегашниот директор Бранислав Трпчески, од денес, за вршител на должност Директор во ова претпријатие е назначен досегашниот раководител на одделот за комерција во МЈП Проаква, Златко Старкоски.


Авг 25, 2021

По примерот на компании од светот и некои земји од соседството и во Македонија некои фирми пристапиле кон воведување одредени бонуси и награди како мотивација за вработените да се  вакцинираат против Ковид 19. Во охридскиот регион, поголемите компании кои ги контактиравме не размислуваат за таков потег. Вакцинацијата во државава е на доброволна основа но евидентно беше дека владините мерки за приложување ковид сертификати за имунизација за влез во одредени објекти поттикнаа голем број граѓани да се вакцинираат.


Апр 11, 2011

Општина Охрид за два месеци ќе добие од државата дел од неизграденото градежно земјиште. Најголем дел ќе биде земјиште од трета, четврта и петта категорија. Од локалната задоволно ги тријат рацете за плажите и и останатите атрактивни локации долж крајбрежјето.


Авг 19, 2017

Утврдена висината на штетата која ја претрпеа граѓаните во охридскиот регион поради серијата земјотреси кои го затекнаа летово. Владата ќе треба на општинава да и исплати вкупно 58 милиони денари, но претходно треба да поминат сите постапки за обесштетување. Има градби кои претрпеа помали штети, но има и онакви кои не можат да се употребуваат. Охриѓани треба да се стрпат за да си ги добијат парите.


Апр 11, 2011

Се отфрлаат обвинувањата од директорот на Здравствен дом, д-р Митко Дабески, упатени до секторот за урбанизам и просторно  планирање, дека тие ќе бидат виновни за пропаѓање на проектот за изградба на современ објект.