Skip to main content
Мар 15, 2011

Канео и Охридското езеро на насловната страница на познатиот интернет пребарувач Bing. Проверете.


Мај 8, 2010

Ф-1 циркус, конечно, пристигна во Европа и многумина возачи ја гледаат утрешната трка за Големата награда на Шпанија како вистински почеток на сезоната. Тимовите добија три недели пауза од последната трка во Кина, но доцнеа со преместувањето во Европа, а со тоа и со надградувањето на своите болиди, поради вулканскиот облак кој го парализираше авиосообраќајот.


Фев 5, 2022

Фрапантниот податок изнесен во постот нема научна основа и претставува само дел од пошироката кампања во која на големо се агитира да не се носат заштитни маски, кои пак, доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Тврдењето коешто се споделува на социјалните мрежи како да е несоборен факт, всушност е нечие лично мислење.


Мар 14, 2011

„Оваа година ни социјалниот момент нема да не спречи да бидеме ригорозни кон незаконски поставената урбана опрема“, вели првиот човек на градот, Александар Петрески.


Авг 4, 2017

Стечајци од поранешно  Емо бараат да бидат опфатени со новиот Закон за обештетување на стечајците. Спорно е тоа што тие  заминале во стечај во април оваа година, а со новиот закон се опфатени стечајците до декември 2016. Се надеваат дека пратениците ќе имаат слух за  барањето на стечајците од АД ЕМО.


Мар 14, 2011

На брегот покрај пешачката патека од мостот кој води кон  Горица забележан е атак врз трската. Граѓаните кои пешачат на овој  дел реагираат дека некој има намера да ја уништи.


Авг 25, 2021

Врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.


Мар 14, 2011

На утрешната 31- седница на советот на Општината, охридските советници ќе расправаат околу финансиското работење на јавните претпријатија  и општинските училишта.


Авг 3, 2017

Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур. Стока изложена околу влезот на маркетот, пакети со производи, палети на тревникот, во строгиот центар на градот веднаш до плоштадот на најфреквентната локација со туристи. Граѓаните негодуваат дека таква слика не доликува ни на маалска продавница а камо ли на бренд како што е Рамстор.