Стечајци од поранешно Емо бараат да бидат опфатени со новиот Закон
Стечајци од поранешно Емо бараат да бидат опфатени со новиот Закон за обештетување на стечајците. Спорно е тоа што тие заминале во стечај во април оваа година, а со новиот закон се опфатени стечајците до декември 2016. Се надеваат дека пратениците ќе имаат слух за барањето на стечајците од АД ЕМО.
Атак врз трската, некој ја поткаструва или сака да ја исече?
Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели
Врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.
Финансиски рапорт на јавните претпријатија
Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур
Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур. Стока изложена околу влезот на маркетот, пакети со производи, палети на тревникот, во строгиот центар на градот веднаш до плоштадот на најфреквентната локација со туристи. Граѓаните негодуваат дека таква слика не доликува ни на маалска продавница а камо ли на бренд како што е Рамстор.
Mистериозниот живот на Ташула
Очите на Ташула секој ден биле свртени кон Имарет. Долго длабоко тагувала по своето чедо и тајните мајчински чувства останале длабоко во нејзината душа……
Во Охрид на листата на невработени најбројни се лицата без квалификации
Во Охрид на листата на невработени најбројни се лицата без квалификации. И понатака има суфицит од правници, економисти и менаџери по туризам и угостителство. Недостасуваат лекари и фармацевти. Од Центарот за вработување информираат дека стагнира бројот на невработените лица во општина Охрид во споредба со минатата година.
Закон за Охрид
Вознемирувачки најави на реномирани светски метеоролози
Оваа зима нашата планета ја чека климатолошка Гоѕила