Skip to main content
Фев 2, 2011

Реката Сушица сеуште се загадува со фекалии. Овој проблем за кој постојано се информира, веќе 10 тина години е секојдневие за жителите од населбата Радојца Новичиќ.


Јул 15, 2017

Топлотниот бран во Охрид го зголеми бројот на интервенции. Докторите советуваат да се почитуваат нивните препораки, без потреба да не се излегува во пладневните часови, да се пие доволно вода, како и да се носи лесна и бела облека.


Јан 27, 2011

Одложен судскиот претрес за глисерската несреќа која се случи 22.08.2009 год, во Охридското езеро. Отсуство на Емил Балабан, бранителот на обвинетиот Христијан Шапкар, беше причина поради која и денес судијата Милчо Клишески го одложи главниот претрес.


Фев 11, 2014

Полусестрата на славната глумица Џулија Робертс, 37-годишната Ненси Моутс, била пронајдена мртва во неделата, а најверојатно умрела од предозирање со лекови, објавиле вчера официјални извори.


Јан 27, 2011

По завршувањето на годишната обнова на документацијата за добивање на социјална помош, во Охрид, 84 домакинства го изгубиле правото на ваква помош. Причината е  поради неподнесување на документи за обнова на истата документација, велат од центарот.


Јул 15, 2017

Екипите на Црвениот Крст од Охрид до сега одговориле на 370 интервенции на укажување на прва помош на охридските плажи. Исто така учествувале во извлекување на 7 давеници. Претседателот на Црвениот крст Сашо Точков, со апел, да се користат само безбедните капалишта каде што се присутни спасителите на Црвениот крст и онаму каде што концесионерите обезбедиле услови за капење, спорт и рекреација.


Јан 27, 2011

Иако желба на Одборот за поставување на споменици од Општина Охрид, беше истиот да биде поставен на градскиот плоштад на 5-ти јануари, денот на упокојување на Свети Наум Охридски – Чудотворец, сепак ќе треба да почекаме.


Мај 22, 2012

Останатите точки на дневниот ред на советот на општина Струга, паднаа во сенка.


Јан 27, 2011

Нови пукнатини и вдлабнатини на тротоарот и коловозот на улицата Јане Сандански. Дел од овој коловоз пред извесно време беше затворен заради безбедноста на учесниците во сообраќајот.