Skip to main content
Јан 21, 2011

Конечно, разрешена неизвесноста со традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  ја разјасни дилемата ќе има или не пари за годинешниот мрест.


Апр 27, 2010

Раководството на NLB лигата очекувано ја одби жалбата на Цибона поради нерегуларниот крај на финалето против Партизан. Тоа беше очекуван расплет бидејќи на раководството на Цибона му било дадено до знаење дека жалбата нема да помине и тоа веднаш после натпреварот.


Авг 24, 2021

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишниот М.Т. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.


Јан 21, 2011

Овој проект е сеуште во неговиот зародиш. За сметка на тоа, од ден на ден во регионов расте бројот на дивите депонии.


Јул 13, 2017

Со незаборавен концерт, модерниот џез квартет „Форплеј“, го отвори 57 издание на „Охридско лето“ на Антички театар. На отварањето, покровителот на фестивалот, претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов истакна дека нема подобар начин за започнување на „Охридско лето“ од отворање со џез, чие второ име е слобода. А министерот за култура Роберт Алаѓозовски рече дека во периодот што доаѓа „Охридско лето“ ќе понуди нова визија за новите времиња.


Јан 21, 2011

Велгоштани ги искршија своите автомобили во обид да стигнат до своите домови. Се жалат дека главната сообраќајница која води до ова населено  место веќе месеци наназад е раскопана и со дупки. Таков е и патот кој води до црквата „Св.Димитрија“ каде е речиси невозможно да се разминат две возила.


Мај 27, 2021

Пејачката Северина Којиќ е пријавена во полиција затоа што наводно, фрлала со живи јајца кон соседот (77) од Загреб.


Јан 21, 2011

Нашите граѓани сеуште недоволно информирани за безцаринскиот режим. Истиот им овозможува купување на нови и половни автомобили без да ги плаќаат високите царински давачки. Со ова, тие добиваат можност да го подноват својот возен парк со некое поново возило.


Јул 13, 2017

Охриѓанецот Стефан Стефаноски е вљубеник во физиката, природата и Охрид, човек чија што неизмерна страст кон пренесување на неговите знаења на младите генерации не може ништо да ја замени.