Skip to main content
Јан 6, 2011

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на првата седница на совет годинава ќе поднее иницијатива една улица во Охрид да го носи името на Атина Бојаџи.


Јул 8, 2017

 Некои од плажите на охридското крајбрежје кои се под концесија сеуште немаат спасители и обележани капалишта. На оние капалишта кои немаат концесионер мора да се  постават табли со предупредување. Надлежните најавуваат контроли дали се почитуваат законските обврски од  Законот за внатрешна пловидба. 


Јан 6, 2011

По два неуспешни тендери за изработка на студија за сообраќај за Охрид, локалната распишува трет.


Фев 18, 2014

Овој вторник е на добар пат да биде најтопол ден од овогодинешниот месец февруари. Времето ќе биде сончево и генерално потопло во однос на понеделник.


Јан 6, 2011

Скромна помош за неколку Охридски семејства. ОК на ВМРО ДПМНЕ во очи на големиот христијански празник Божик, спроведе хуманитарна акција.


Јул 7, 2017

Секој ден Димитар Свилар од Долно Лакочереј охридско, се снабдува со вода полнејќи неколку канти од чешмата во близина на селската црква. Тој како што открива за ТВМ, 4 децении живее без вода во својот дом, а досега месната заедница не успеала да го реши неговиот проблем. Свилар е крводарител кој околу 200 пати дарувал крв. Овој хуман човек се надева дека надлежните ќе најдат начин да му излезат во пресрет сега кога тој има потреба од помош.


Јан 6, 2011

Отворена изложба на академскиот сликар Славко Упевче, посветена на 1100 години од упокојувањето на Св. Наум Охридски. Посетителите остануваат без збор пред  неговите пејзажи,  изработени во техниките сув пастел, масло на платно и акварел.


Фев 7, 2014

Доколку ви се случило пред личноста која ви се допаѓа да чувствувате како да не можете да го контролирате своето однесување и не можете да се контролирате себеси, не сте единствени.


Јан 6, 2011

На симболичен начин, со песна, дечињата од хорот „ Распеано ѓерданче“, на Охриѓани, им го честитаа големиот христијански празник Божиќ. Воедно, го промовираа и своето прво ЦД.