Skip to main content
Апр 21, 2010

Жозе Мурињо, тактичарот број еден на светот го сруши митот за непобедливоста на Барселона, откако неговиот тим со Горан Пандев 55 минути во него ја победи каталонската машинерија со 3-1 во која најдобриот над најдобрите Лионел Меси не се виде. Ваква е констатацијата на речиси целата фудбалска јавност во Европа по синоќешниот прво полуфинален меч на „Џузепе Меаца“


Фев 15, 2022

ТВМ телевизија започна со лоцирање на дивите депонии во регионот. Голем број пријави од граѓани пристигнаа на нашето барање за пријавување на нелегални депонии кои ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините. Денес нашата екипа регистрира неколку диви депонии во урбаниот дел на Охрид.


Дек 25, 2010

Предлог Законот за легализирање на дивите градби пред охриѓани. Бројни забелешки на граѓаните упатени на адреса на Министерството за транспорт и врски. Министерот Јанакиески со изјава „Затоа сме тука да ги слушниме вашите мислења“.


Јул 1, 2017

Историското минато на Охрид вткаено во книгата „Сага за Охрид“. Автор на ова дело е познатата долгогодишна новинарка и уредничка на емисијата „Печат“ во регионалната телевизија „ТВМ“, Валентина Нелоска. Ова дело кое што е во душата на авторот, е отворен споменар за сите генерации кои сакаат да ја дознаат сторијата на познатите охридски семејства.


Дек 25, 2010

Над 100 ученици од гимназискиот хор и основното  музичко училиште  кои настапија на Новогодишниот концерт во организација на Лајонс Клубот Охрид потврдија дека Охрид располага со млади талентирани  музичари.


Авг 23, 2021

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.


Дек 25, 2010

Локалната во иднина ќе ги поправа направените грешки од нивните претходници. Единствената градска фонтана по се изгледа ќе се дилоцира.  Следејќи го јавното мислење од локалната самоуправа најавуваат  иницијативата на овој простор да се подигне споменик  на Цар Самоил.


Јул 1, 2017

На истакнати пензионери од градов и земјава им беа врачени голем број на награди и признанија, а денешната прослава беше збогатена и со забавен дел за кој се погрижија членовите на КУД „Далги“ при охридското пензионерско здружение.


Дек 25, 2010

Општина Охрид ја донесе предновогодишната атмосфера во градов, посебно на плоштадот и дел на крајбрежната линија. Охрид подготвен за новогодишните празници.