Дек 31, 2024
Утре започнува зимскиот распуст, ќе трае до 20 јануари
За учениците во основните и средните училишта во Македонија започнува зимскиот распуст за учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.
Дек 31, 2024
Богата Новогодишната забава за дочек на 2025 година на Градскиот плоштад
Вечерва на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак и охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.
Дек 31, 2024
Многу смеа и позитивна енергија на вчерашното кабаре шоу „Two Mothers Brothers“
Многу смеа и позитивна енергија донесе популарното кабаре шоу „Two Mothers Brothers“ на извонредните актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кое беше изведено вчеравечер на градскиот плоштад, во рамки на Новогодишната програма на Општина Охрид.
Дек 31, 2024
82 години од првата изведба на нашата химна „Денес над Македонија“
Текстот на македонската химна е напишан од македонскиот автор Владо Малески во 1942 година, а за првпат била изведена во Струга.
Дек 31, 2024
Гимназискиот драмски клуб ја изведе комедијата „Инспекторот“
Претставата е инспирирана од комедијата „Ревизор“ од Николај Васиљевич Гогољ.
Дек 31, 2024
Денеска завршува „Охридска новогодишна приказна“
Денеска завршува програмата „Охридска новогодишна приказна“ организирана од Општина Охрид. Најмладите дечиња уживаа во детски претстави, новогодишни базари и музички настани организирани на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
Дек 31, 2024
општина охрид
Македонските карате репрезентативци на прием кај градоначалникот Пецаков
Градоначалникот Кирил Пецаков вчера ги прими петмината карате репрезентативци, Анастасија Смилевска, Дамјан Митревски, Козма Митревски, Тамара Ѓурчиноска и Сара Цикуш од КБС ,,КУНСУТО”-Охрид кои го освојуваат врвот на националните првенства и обезбедуваат учество во големите меѓународни карате сцени.
Дек 31, 2024
2024-та ја испраќаме со сончево време
Во Охрид температурите од -1 до 10 степени Целзиусови.
Дек 30, 2024
Црвен Крст Охрид и тимот на Армада израдуваа 40-тина дечиња со предновогодишна едукативно-забавна прошетка со брод
40-тина дечиња денеска за прв пат уживаа во пловидба со брод по Охридското езеро. Се забавуваа на бродот Армада, научија нешто повеќе за градот и за радоста да биде целосна добија и новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз. Предновогодишна едукативно-забавна прошетка ја реализира Црвен Крст Охрид во соработка со Општина Охрид, а со поддршка на Елена Лотеска Наумоска, сопственик на Армада и Проф. Климент Наумов како туристички водич.