Skip to main content
Дек 28, 2024
Денес во 12 часот во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка.

Дек 27, 2024
Отворена самостојната изложба на уметникот Сашо Блажес насловена „No escape from reality” во поранешната Касарна во Охрид. Охридската јавност само денеска имаше можност да погледне досега неизложувани дела на уметникот кои го истражуваат хаосот на секојдневието и потрагата по внатрешен мир. Блажес постигнува целосен ефект откривајќи го на јавноста својот критички однос кон реалноста преку интеракција на уметничките дела со просторот во кој одлучил да ги изложи, запуштениот објект на поранешната армиска менза.

Дек 27, 2024
ЈП “Билјанини Извори”
ЈП “Билјанини Извори” пред новогодишните празници во посета на неколку здруженија, Добротољубие-Св. Ѓорѓија, Зраци, деца со ретки болести, паралелка со посебни потреби во ООУ Св. Климент Охридски, инклузивна игротека Радост – Здружение Вопс и здружението Тајните на моето срце и на сите им подари новогодишни пакетчиња.

Дек 27, 2024
општина дебрца
Општина Дебрца и Јавнотo претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“.

Дек 27, 2024
Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховската школа „Ласкер“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал “Езерска Кралица 2024”.

Дек 27, 2024
Oд Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид информираат дека добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2024 година е авторот на поемата „Никогаш пред ил’ потем“, пријавена под шифра „Хидаспес“.

Дек 27, 2024
општина охрид
Детската новогодишна програма продолжува и денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Дек 27, 2024
Ј.П.„Охридски Комуналец”
Екипите на Ј. П.,,Охридски Комуналец” реализираа активности за подигање кабаст и зелен отпад од три локации во с. Подмоље, каде несовесни граѓани создале диви депонии.

Дек 27, 2024
општина вевчани
Дечињатата од градинката Јоуддг „Планински Цвет“ од Вевчани како најсјајни звездички го разубавија плоштадот во Вевчани