Дек 18, 2024
„Новогодишен сон“ на Црвен Крст Охрид ги собра децата на плоштад со хумана цел
Одбележувајќи го месецот на дарување, Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид организира хуманитарен предновогодишен настан „Новогодишен сон“. Целта е да се поттикне креативноста, хуманоста и солидарноста кај децата од основните училишта, но и возрасните, преку изработка на најразлични новогодишни украси и предмети. Средствата собрани од продажната акција ќе бидат наменети за разубавување на Новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.
Дек 18, 2024
Охрид полека го стигнува Скопје по загаденост на воздухот
Енормно високи концентрации на ПМ 10 честички во воздухот. Еколозите велат итно се потребни мерки за намалување за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.
Дек 18, 2024
министерство за внатрешни работи
Приведен 17 годишен криумчар од Виница, пронајдени девет мигранти од Непал
На 17.12.2024 во 23.10 часот на локалниот пат кон с.Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница.
Дек 18, 2024
Уапсен убиецот на рускиот генерал Кирилов во Москва
Шефот на единицата за биолошко и хемиско оружје на руската војска, генерал-полковник Игор Кирилов, е убиен заедно со неговиот заменик рано во вторникот во експлозија во Москва. Украински безбедносни извори изјавија дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) го убила Кирилов во специјална операција.
Дек 18, 2024
Денес ќе се одржи хуманитарниот предновогодишен настан „Новогодишен сон“
Средствата собрани од оваа хуманитарна продажна акција ќе бидат наменети за разубавување на Новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.
Дек 18, 2024
Гимназијалките го освоија првото место во футсал
На вчерашниот зонски натпревар во футсал кој се одржа во СОУ “Нико Нестор”- Струга ученичките од ОСУ “Св. Климент Охридски” го освоија првото место со резултат 1:0.
Дек 18, 2024
ухмр
УХМР: Наутро услови за појава на магла, преку ден сончево
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 0 до 11 степени Целзиусови.
Дек 17, 2024
мвр
32 годишен стружанец обвинет за формирање терористичка организација – „ќелија“ со основи на идеолошката матрица на терористичката ИСИС
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 15-ти декември 2024 година, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица: Г.М. (21) од Гостивар за кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 1) и против Х.Б. (32) од Струга, Р.С. (38) од Гостивар и Т.М. (27) од Гостивар за сторено кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 2) од КЗ.
Дек 17, 2024
Општина Охрид донесе решение за финансирање на предлог идеи во областа на социјалната и здравствената заштита
Општина Охрид донесе решение за финансирање на предлог идеи во областа на социјалната и здравствената заштита за 2025 година.