Skip to main content
Мај 27, 2017

Во Охрид се одржа конференција за управување со Интернетот кај државите од поширокиот простор на Југоисточна Европа.


Окт 4, 2010

Нов каталог за германските туристи. Промотивниот материјал, кој на 80 страници, преку слика и текст, ќе раскажува за убавините на Македонија, е дело на долгогодишен туристички работник од Германија, кој потекнува од Охридско. „Гледајќи како другите земји се борат за повеќе туристи, одлучив да направам каталог под наслов „Македонско сонце, одмор на Охридското Езеро“, вели авторот на каталогот Климент Китаноски. Китаноски открива дека Македонија како туристичка дестинација воопшто не им е позната на Германците.


Јан 28, 2014

Научниците сакаат да видат како мравките ќе се навикнат на околина речиси без гравитација.


Окт 2, 2010

Пештани, конечно после 30 години е на пат да стане  урбанизирана туристичка населба. Нацрт верзијата на Урбанистичкиот план е ставена на увид на неговите жители.


Мај 26, 2017

Се поголем е бројот на граѓани кои се приклучуваат кон спортскиот настан „Охрид трчаТ“. Се е подготвено за овој хепенинг кој ги обедини граѓаните од различни возрасни и социјални категории. Вклучени се и лицата од ранливите категории.


Окт 1, 2010

Досегашниот директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Марина Петроска Тодороска, на која мандатот и истече на 15 септември годинава, од денес назначена за В.Д. на установата. Ова е одлука на градоначалникот Александар Петрески.


Апр 3, 2012

И столбовите за улично осветлување како и столбовите за пренос на електрична енергија, паѓаат под тежината на километри кабел на кабелските оператори.


Окт 1, 2010

Варминско-мазурската  филхармонија „Феликс Нововејски“ од Олшин, Полска гостува во Охрид. Овој музички настан од класичната музика е освежување по затишјето на бројните  културните случувања во летниот период.


Мај 26, 2017

Во Македонија има услови за развој на голф, сметаат туристичките работници од Охрид. Бидејќи во нашата земја сеуште нема една ваква спортска содржина, нашите љубители на голфот, уживаат во овој спорт на голфските терени во соседна Бугарија.