Skip to main content
Дек 13, 2024
Диви свињи прават пустош на земјоделските посеви на брегот на Охридското Езеро. Популацијата, поради забраната за лов во НП Галичица  е премногу намножена и во потрага по храна, животните ги  уништуваат нивите со пченка, пченица, грав и цели лозја на потегот од Студенчишкото блато до населбата Свети Стефан. Земјоделците бараат помош.  

Дек 13, 2024
Сувомеснати производи и мелено месо што биле без декларација и со поминат рок на употреба затекнале инспекторите на АХВ во маркет во Охрид.

Дек 13, 2024
Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 17:00 часот ќе се одржи Мултикултурен фестивал кој ќе го слави богатството на различностите преку храна, традиционални занаети, фолклор и обичаи на етничките заедници кои живеат во нашиот регион.

Дек 13, 2024
Црниот петок кај многу луѓе прекизвикува несфатливо чувство на страв, прочитајте неколку интересни факти во врска со петок 13ти.

Дек 13, 2024
Младите немаат доволно знаења за важните настани, државните празници, македонските револуционери, луѓето кои ги дале животите за денес ние да имаме слободна држава. Мал е бројот на оние кои се интересираат за сопствената историја, но тоа не е доволно за да се шири македонскиот дух, вели професорот Михаил Патчев. Учениците учат за оценка, а не тоа да стане дел од нивното сеќавање, идентитет и свест за припадност кон нацијата.

Дек 13, 2024
Вечерва ќе биде репризно изведена 3-та по ред детска театарска претстава на Детското драмско студио „Драмакидз” која предизвика голем интерес кај охриѓани – „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL”.

Дек 13, 2024
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави отварање на уште најмалку шест нови авио линии од скопскиот и охридскиот аеродром до крајот на годината и нов трет мобилен оператор.

Дек 13, 2024
Во Охрид температурите ќе се движат од -1 до 9 степени Целзиусови.

Дек 12, 2024
Денес во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше потпишан првиот заеднички Меморандум за соработка меѓу ученичките заедници од сите средни училишта во Охрид.