Skip to main content
Апр 22, 2010

Денот на планетата Земја годинава доаѓа среде серија природни катастрофи во светот, но и во нашата земја. Климатските промени и спасот на планетата Земја се единствените теми што треба да ги обединат сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност. Македонија по основ на  прашањето на Екологијата е добро усогласена со ЕУ, меѓутоа по прашањето на инплементација и на почитување на истата сеуште има проблеми, вели Дејан Пановски.


Апр 19, 2017

За една година треба да биде завршен затворениот зелен пазар. Подготвителните работи за негова изградба започнаа и ќе се работи со полна пареа за да се запази рокот, вели Радован Трајковски, сопственикот на АД „Илинден“ кое е партнер на локлната во овој проект.Проценетата вредност на административно деловно трговската зграда изнесува нешто повеќе од 3 милиони евра.


Апр 21, 2010

ТВМ веќе информирше дека неисполнувањето на обврските од страна на спонзорот беше причина поради која едриличарскиот клуб „Бофор“ го раскина договорот со АМАК СП. Овој чин стави крај на соработката која започна во 2003 год, помеѓу едриличарите и АМАК СП како спонзор. Но приказната не застана тука.


Јан 17, 2014

Норвешки ученици решиле речиси 5 милиони математички равенки во предизвик кој траел една недела


Апр 21, 2010

По најавата на градоначалникот дека се средува делот кај Грашница, од билатералниот секретаријат на Охридското езеро велат дека за да го поддржат проектот во целост бараат  да се изработи квалитетна студија за истата.


Апр 19, 2017

180 илјади евра грант европски пари доби општина Охрид за Проектот  „Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна превенција“.ЈП „Охридски Комуналец“ доби  600 000 евра за проектот „ Одржливо управување и третман на био отпад со користење методи за производство на био гориво. Проектите се дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу република Македонија и Република Грција.


Апр 21, 2010

Хидробилошкиот институт со полни раце работа. Во моментов се работи на национални проекти.  Кралството Норвешка финасира проект тежок околу 150 илјади евра а се однесува на биолошки мониторинг на езерото од Македонска и Албанска страна. Првиот човек на инстутут најавува дека следната година ќе започне проет кој се однесува на утврдување на староста   на Охридското езеро.


Мар 6, 2012

Еден од обвинетите Миладиноски Климе, денес не се појави во Основниот суд во Струга.


Апр 21, 2010

Охрид може да се пофали со најмодерната атлетска патека и тоа не само во Македонија туку и пошироко.