ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД ВО МОСКВА
Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, користејќи ги формите и облиците за унапредување и одржлив развој на туризмот, по примерот на Виена, Прага и Стразбур, утре во хотелот „Golden Ring“ во Москва, делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Москва ќе одржат промотивен настан , каде пред педесетина претставници од туристичкиот сектор во Русија (туроператори и туристички агенции, медиуми, претставници на Руската Асоцијација на туроператори и Федералната Агенција за Туризам) преку видео презентации ќе биде презентирана туристичката понуда на Охрид.
Просветни инспектори го скенираат ОУ „Св. Климент Охридски“
Тим од државни просветни инспектори трет ден ја скенираат работата на основното училиште „Св.Климент Охридски“. Под лупа се ставени планирањето и подготвувањето на наставата, следење на наставните часови, постигнувањата на учениците, работата на наставниците, раководењето со институцијата како и целокупната инфраструктура.
Пет основни правила за користење на клима уред
Доколку не се користат правилно клима уредите можат да се штетни по здравјето
Борба со природата
Вака Премиерот Никола Груевски вчера од Охрид ја искоментира актуелната состојба на покачениот водостој на Охридското езеро кое на нозе ја крена целата охридско – струшка јавност.
Скинат оптички кабел, причина за прекинот на услугите на Македонски телеком
Прекинот на услугите во регионот на Охрид и Ресен е решен, информираат од Македонски Телеком, откако поради прекин на оптички кабел, вчера не беа достапни услугите на Македонски Телеком во овој дел од државата.
Дали ќе има смена на првиот човек на „Охридско лето“?
Гласините кои деновиве проструија низ охридската јавност дека се подготвува смена на првиот човек на Националната Установа Фестивалот „Охридско лето“, се чиста шпекулација, вели директорот Тони Симоноски. Напротив, додава дека привршуваат подготовките за уште едно успешно издание.
Третата група деца денеска заминa на бесплатно зимување на Пелистер
Третата група деца денеска заминува на бесплатно зимување на Пелистер, соопштуваат од кабинетот на Министерот за труд и социјална политика.
Директорот на охридската гимназија Љубиша Машановиќ помеѓу два огна
За развој на руралниот туризам треба да помогне и државата
За развој на рурален туризам потребнa е интервенција oд државата, која ќе создаде услови активностите да не се сведуваат на еднодневни екскурзии. Од друга страна луѓето во селските средини треба да имаат дефинирана структура за изградба и опремување на сместувачки капацитети, согласно европските стандарди како би можеле туристичките агенции да носат гости.