Skip to main content
Фев 24, 2010

Реконструкцијата на комплексот Летница ќе ја вршат неговите првобитни идејни творци, архитектите Софија Мизова и Маргарита Трендафилова.


Мар 9, 2010

Капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас вели дека сакал да настапи против Порто и покрај повредата, но докторите го советувале да не го прави тоа.


Фев 24, 2010

Поројните дождови ги поплавија нивните дворови. Жителите револтирани тврдат дека овој проблем е резултат на неизвршената сепарација на атмосферската од фекалната канализација.


Фев 15, 2022

Веќе се работи на методологија која ќе овозможи долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски.


Фев 24, 2010

Можност матурантите да се одлучат која професија најмногу им одговара и да ги спознаат своите вештини и афинитети.


Мар 27, 2017

Меѓународниот ден на театарот – 27 март, денеска низ светот ќе се одбележи со претстави и читање на пораките за сценската уметност. Француската филмска и театарска глумица, 64-годишната Изабел Ипер е автор на светската порака, а македонската порака ја напиша Благој Мицевски, костимограф, режисер, уметнички  директор на Народниот театар од Битола.


Фев 23, 2010

Некои jавни здравствени установи се дават во долгови, а некои пак пливаат во мирни финансиски води.


Јун 20, 2017

Покрај останатите материјални ресурси потребни за брендирање на една земја како туристичка дестинација, огромно е и значењето од присуство на светски познати хотелски имиња.

За една туристичка дестинација да биде брендирана, односно препознатлива кај туристите, потребни се многу фактори. Во современите туристички токови, создавањето на една емотивна врска меѓу туристите и дестинацијата е она што одново ги тера туристите повторно да посетат одредено место, што всушност и претставува брендирање на самата дестинација. Голема улога во задоволувањето на од ден на ден се попребирливата туристичка побарувачка игра и хотелскиот бренд. Секогаш, голема придобивка за туристичката понуда на една земја е присуството на големите светски хотелски брендови. Сега за сега нив ги има само во главниот град на државава., потенцираат туристичките работници.

„Воопшто сите други брендови се добредојдени во Македонија, ние не правиме ништо за да ги сопреме или за да ги добиеме, интересот на секој еден приватник е да се брендира во било кое име. Секако дека Marriot придонесува, тоа е позитивно, со доаѓањето на Мarriot се подигнуваат некои стандарди и останатите мора да ги следат тие стандарди, така да секако дека има придобивка“ вели Крсте Блажески – претседател на ХОТАМ.

Инаку категоризацијата на хотелите е определена со Правилникот од 2013-та година, изготвен во согласност со критериумите на Европската асоцијација на хотелиери. Ѕвездичките ги доделува комисија составена од повеќе министерства, угостители, претставници на локалните власти. Решението е со важност од три години, период за кој хотелиерите се под будното око на Државниот пазарен инспекторат.

Креирањето на дестинацијата како бренд пак воопшто не е едноставен процес. Потребно е препознавање и користење на сите атрибути со кои располага една земја кои може да се искористат за да се привлече што е можно поголем број на туристи, велат експертите од туризмот.

„Покрај материјалните ресурси кои се наспорни, како културните, историските, уметничките, гастрономијата, вината, природните богатства, сеуште недопрената природа, тој главен ресурс кој на се тоа треба да му даде една форма е човекот, традиционалното гостопримство“, објаснува Иван Џоковиќ – потпретседател на Владата на Војводина.

Но, помалите туристички места како Охрид и Струга сега за сега ќе мора да почекаат за влегување на некој од светските хотелски брендови. Иако години наназад дел од големите хотелски брендови со години беа поврзувани со Охрид, досега неуспешно завршија сите обиди за прoдажба на понудените атрактивни локации од државата за изградба на елитен хотел покрај Охридското Езеро.


Фев 23, 2010

На “Shred this too” гитарски натпревар генијалниот, охридски гитарист, Дамјан Пејчиноски  го освои првото место во конкуренција од 318 гитаристи од целиот свет.