Skip to main content
Мар 10, 2010

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо, би можел да биде казнет дополнително поради разговорот со својот асистент за време на неделниот првенствен меч со Џенова. Минатиот месец Португалецот доби забрана за водење на екипата на три натпревари поради гестот кон судијата Паоло Таљавенто, кој исклучи двајца играчи на Интер на дуелот со Сампдорија.


Фев 27, 2010

Доктори на науки, екологисти, архитекти, претставници од „Проаква“ седнаа на иста маса со градоначалникот. Дискутираа за новонастаната состојба со водостојот на Охридското езеро и опасноста од негово излевање.


Фев 25, 2022

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” расчистија уште една мапирана дива депонија на улицата „Ристо Чадо” во Охрид.


Фев 27, 2010

Волонтерите од Клубот на млади при Црвениот крст Охрид за основците од „Христо Узунов“ го прикажаа филмот „Љиља засекогаш“, на тема трговија со луѓе. Црвениот крст ги има правата за прикажување на овој филм, вели Кристина Шалкоска, волонтер на ЦК –Охрид.


Мар 28, 2017

Запреа градежните работи на тротоарите на булевар „Туристичка“. Граѓаните прашуваат која е причината и бараат што побрзо да се направат бидејќи е загрозена нивната безбедност. Од Локланата објаснуваат дека на терен се соочиле со дополнителни работи па затоа доцнат со санацијата.


Фев 27, 2010

Група граѓани денеска ја започнаа иницијативата  за зачувување на достоинството на Охрид. Ние група интелектуалци, граѓани на Охрид, неформално се здруживме и би сакале да реагираме поради последните случувања во Охрид и да дадеме наш осврт на нив, вели Горан Шибакоски, и додава „Последните препукувања помеѓу партиите беа пресудни да го преземеме овој чекор“


Авг 17, 2021

Расте бројот на заболени со корона вирусот во Југозападниот регион во земјава. Во струшката болница за само една недела хоспитализирани се нови 20 пациенти од кои 17 се на кислородна поддршка. Во охридската болница има 13 хоспитализирани, а најмладиот има 25 години.


Фев 27, 2010

Повеќе охридски таксисти фатени како возат без баждарени таксиметри. Оваа контрола е во надлежност на пазарната инспекција и се прави поинтензивно во летниот период, но такси возилата се проверуваат и во останатите месеци од годината, вели Ѓорѓи Бошалески.


Мар 28, 2017

Двојазичната табла поставена на охридската филијала на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, мета на вандали. Таблата утрово била искршена па случајот е пријавен во полиција. Според некои извори таблата била поставена синоќа и веднаш потоа искршена. Според други, таа веќе неколку месеци се наоѓа на влезот од институцијата а настрада токму сега поради политичкиот момент во државава.