Дек 12, 2024
ухмр
Наутро магловито, попладне сончево
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени Целзиусови.
Дек 11, 2024
општина охрид
Пецаков: Започна реконструкцијата на кружниот тек на пресекот на улиците „Железничка“, „15-ти Корпус“ и „7-ми Ноември“
Предвидено е реконструкција на тротоарот и коловозот, поставување на нови рабници и ново јавно осветлување.
Дек 11, 2024
Започнуваат подготовките за Бадниковите Поворки
Пробите ќе се одржуваат секоја сабота почнувајќи од 14.12.24 во 12 ч. во спортската сала на ООУ Христо Узунов во Охрид.
Дек 11, 2024
Еко-свест
Еко-свест со истражување за состојбата на Питом Костен во Споменикот на Природа Вевчански Извори
По повод Меѓународниот ден на планината 11 декември, Еко-свест ги претстави резултатите од Истражувањето на здравствената состојба на Питом Костен во заштитеното подрачје Споменикот на Природа Вевчански Извори.
Дек 11, 2024
Aтмосферата од Божиќните базари од германските метрополи на плоштадот во Охрид
Учениците кои изучуваат Германски јазик, на градскиот плоштад во Охрид ја донесоа празничната атмосферата од Божиќните базари од германските метрополи. Синоќа сите кои го посетија базарот, но и случајните минувачи уживаа во традиционални германски вкусови подготвени од учениците и родителите од основните и средните училишта. Украсените штандови, новогодишните рачно изработени декорации, музика и танци го најавија највеселиот период во годината.
Дек 11, 2024
НУ Библиотека „Григор Прличев“ распишува конкурс за најдобра беседа на тема „Чувај се себеси“
Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто држел беседи пред охриѓани. Токму под наслов „Чувај се себеси“ Прличев на крајот од една учебна година кога учителствувал во Охрид ја кажал оваа беседа, а подоцна во 1866 година ја објавил во весник.
Дек 11, 2024
Подобрени услови за хемодијализа и реновиран објект за пациентите во струшка нефрологија
Заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими, заедно со директорот на установата, Јетмир Зиба и директорот на Центар за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба, денеска ја посетија установата со што и официјално се означи имплементацијата на проектот вреден 26 милиони денари.
Дек 11, 2024
ЕВН и ТАВ поставија полначи за електрични автомобили на аеродромите во Скопје и во Охрид
Новопоставените станици за полнење на електрични возила кои работат на наизменична и еднонасочна струја се стратешки лоцирани на паркинзите на двата аеродрома и можат истовремено да полнат до осум електрични возила – шест на аеродромот во Скопје и две на охридскиот.
Дек 11, 2024
Утре се одбележуваат 80 години од Антифашистичкиот фронт на жените
Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје во соработка со Региноналната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа) ќе одржат настан по повод одбележување на 80 години од основањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ).