Skip to main content
Дек 2, 2021

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една ќеса сега чини 15 денари. Текстот е претставен како новинарски жанр вест, а малкумина сфатиле дека е шега, што може да се види и од коментарите под постот. Постот потоа беше споделуван на социјалната мрежа Фејсбук од други корисници кои прашуваа дали навистина Министерството за здравство ќе доделува 50 бесплатни кеси за вакцинираните граѓани против ковид-19. Трети ја критикуваа владата и Министерството за глупавата мерка.


Ное 17, 2009

За да се пресели во сопствените простории недостасува уште опремување на амфитеатарот. Министерот Тодоров најави дека работите ќе завршат најдоцна до средината на декември.


Фев 11, 2017

Се интензивираат работите на пешачката патека од мостот до Билјанини извори. Од Секторот за комунални дејности велат дека иако според договорот патеката треба да биде готова за една година, а тоа значи на есен, таа ќе биде направена и побрзо. Најголем интензитет на градежни работи се очекува во пролетниов период.


Ное 17, 2009

За да се постигне успех неопходна е соработка меѓу малите земји како што се Р. Македонија и Р. Словачка.


Авг 14, 2021

За влез на сите настани кои се организираат освен сертификат за вакцинација треба да приложат и потврда дека од прележаниот ковид има поминато најмалку 45 дена, рече министерот за здравство Венко Филипче посочувајќи дека новите мерки започнуваат од понеделник.


Ное 17, 2009

Во просториите на СВР Охрид, каде што се заменуваат старите лични карти со нови се чека во редици.


Фев 10, 2017

Придобивките од функционирањето на сензорната соба која неодамна се отвори во рамките на ОУ „Св. Климент Охридски“ веќе се гледаат. Дефектолозите задоволни како децата кои имаат потешкотии во психичкиот развој ја прифатиле, а велат дека со упорна работа резултатите нема да изостанат. Собата ја посетуваат деца од инклузивните паралелки како и деца од паралелките за деца со посебни потреби.


Ное 17, 2009

Современи терени за фудбал и ракомет, базени од отворен и затворен тип, детско игралиште и трим патеки се зацртани во предлог планот на овластените  планери за урбаната зона 18  за Чекоштина.


Фев 10, 2017

Секој човек има потреба од подобрување на менталното здравје. Во Охрид отпочна со работа првиот психолошки центар Солушан, место каде може да се добијат совети за сите психолошки проблеми кои стануваат се побројни поради брзиот и современ начин на живот.