Skip to main content
Дек 6, 2024
Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши денеска ќе престојува во официјална посета на Охрид.

Дек 6, 2024
ухмр
Во Охрид температурите ќе се двиѓат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.

Дек 5, 2024
Наши сограѓани кои во моментов патуваат од Скопје за Охрид, каде во моментов врнежите од снег се доста интензивни, а патот тешко прооден, реагираат на ажурноста на Македонија Пат.

Дек 5, 2024
Регионалната депонија во Новаци се очекува да биде изградена до крајот на 2027 година. Финансиските средства се обезбедени, но процесите се одвиваат бавно. Општините од југозападниот и пелагонискиот регион се неусогласени во поглед на активностите за воспоставување на системот за заедничко управување со отпадот. Ова беше истакнато на денешната панел дискусија во организација на групацијата Збогум Буково. Но, дури и кога ќе биде изградена новата регионална депонија, затворањето на Буково ќе почека , бидејќи во моментов за тоа нема пари.

Дек 5, 2024
Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, 5-ти декември, беа донирани на Град Охрид од ТАВ Македонија и засадени покрај Охридското Езеро од страна на волонтери-вработени на охридскиот аеродром, со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица.

Дек 5, 2024
Француските пратеници гласаа за недоверба на премиерот Мишел Барние и неговиот кабинет, што предизвика нови политички превирања што ја оставаат Франција без јасен пат за усвојување на нов буџет и се заканува дополнително да ги разниша финансиските пазари.

Дек 5, 2024
Како и секоја година, и годинава охриѓани, но и бројните гости ќе имаат можност Новата година да ја дочекаат на градскиот плоштад. Во моментов се доработува програмата која ќе биде за сечиј вкус и за сите возрасти, велат од Општина Охрид. Интересот за дочек на најлудата ноќ во Охрид е голем што ветува полни хотели.

Дек 5, 2024
Свечената програма започнува во 19 часот во НУЦК „Григор Прличев“.

Дек 5, 2024
Согласно со Законот за празниците, 8 декември, денот на Свети Климент Охридски е државен празник и е неработен ден за сите граѓани.