Skip to main content
Дек 6, 2024
На изложбата ќе бидат презентирани експонати што се дел од богатата етнолошка збирка при НУ Завод и Музеј – Охрид. Вредни примероци, врвни занаетчиски изработки, највпечатлив накит на народната носија, но и дополнителен украс на градската облека што се носеле до средината на XX век.

Дек 6, 2024
општина охрид
По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член), проф. Светлана Огненова (член), донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.

Дек 6, 2024
На 19. седница на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО што се одржува во Асунсион, главниот град на Парагвај, делегатите го признаја македонскиот народен музички инструмент гајда како светско нематеријално културно наследство.

Дек 6, 2024
Детско драмско студио „Драмакидз”
Нова премиера на 3-та по ред детска театарска претстава на Детското драмско студио „Драмакидз” со наслов „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL” во вторник 10.12.2024 година, со почеток во 20.00 часот.

Дек 6, 2024
агенција за храна и ветеринарство
Сто деведесет и два (192) вонредни надзори во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство.

Дек 6, 2024
Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши денеска ќе престојува во официјална посета на Охрид.

Дек 6, 2024
ухмр
Во Охрид температурите ќе се двиѓат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.

Дек 5, 2024
Наши сограѓани кои во моментов патуваат од Скопје за Охрид, каде во моментов врнежите од снег се доста интензивни, а патот тешко прооден, реагираат на ажурноста на Македонија Пат.

Дек 5, 2024
Регионалната депонија во Новаци се очекува да биде изградена до крајот на 2027 година. Финансиските средства се обезбедени, но процесите се одвиваат бавно. Општините од југозападниот и пелагонискиот регион се неусогласени во поглед на активностите за воспоставување на системот за заедничко управување со отпадот. Ова беше истакнато на денешната панел дискусија во организација на групацијата Збогум Буково. Но, дури и кога ќе биде изградена новата регионална депонија, затворањето на Буково ќе почека , бидејќи во моментов за тоа нема пари.