Вандали дивееле во ОУ „Григор Прличев“
ОУ „Григор Прличев“, често е мета на вандали. Утринава непознати сторители во дворот на училиштето запалиле оган од столиците и масите изработени од дрво, а настрадале и кантите за ѓубре. Директорката Силвија Мојсовска смета дека полицијата, треба да преземе поригорозни мерки кон ваквите уништувачи, бидејќи не е прв пат во училишниот двор да влезат хулигани и да дивеат. Од СВР, велат дека работат на пронаоѓање на сторителите и истите ќе бидат казнети.
Нескриени страсти
Грчкиот парламент одобри референдум за 5 јули
Граѓаните во Грција панично ги празнат банките
Високите камтни стапки и понатаму нема да паднат
Се крадат капаците од канделабрите на патеката од мостот до Горица1
Се крадат капаците од канделабрите на патеката од мостот до Горица1. Службите од локалната во неколку наврати интервенирале, но и понатаму продолжува ваквата појава. Апелираат да се пробуди свеста на граѓаните и да не ги уништуваат општите добра.
Охридски Комуналец и ЕВН во војна
280 лекови по нови, намалени цени
Од задутре лековите на позитивната листа ќе се издаваат со нови референтни цени – на 170 лекови им се намалува доплатата, а на 110 од нив им се намалува и партиципацијата, а 21 лек што се користат во 15 нови терапии првпат ќе бидат достапни без доплата.
Се рушат шанковите на Сараиште
Добра понуда за празникот Св Трифун
Наближува 14 февруари, ден кој обединува два празници Св Трифун и Св Валентајн. Охридските хотелско угостителски објекти во пресрет на овие празници направија одлични понуди на храна и вино, користење на спа центар со масажа со намалени, поволни и достапни цени за сите.