Нивото на Охридското Езеро е -11 сантиметри под дозволента кота
-11 сантимерти под дозволеното е нивото на водата во езерото. Екипи од хидролози од Управата за хидро метеоролошки работи на Македонија денес вршеа мерење и утврдија дека состојбата е загрижувачка. Сега ЕЛЕМ е на потег кој треба да го затвори испустот кај Струга за да може нивото на езерото да дојде до оној реално дозволен минимум, велат од УХМР.
Низ лавиринтот на СВР
„Две и пол години во секторот за внатрешни работи се затаени моите документи“, се жали нашиот сограѓанин Ацо Климоски.
Откриена нова тајна на езерото Матка
Нуркачите од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ ја продолжија својата подводна експедиција во водите на езерото Матка, каде пред еден месец пронајдоа остатоци за кои се верува дека се темели на стара македонска црква.
Панихида во чест на жртвите од бродската несреќа
Од Хидробиолошки завод повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга
Од Хидробиолошки повикуваат да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга.
Веднаш да се намали испустот на реката Црн Дрим кај Струга, го повикуваат Елем од Јавната научна Установа Хидробилошки завод Охрид. Минатата недела упатиле официјално барање до Елем во кое укажуваат на последиците од намалувањето на водостојот во езерото. Во моментов состојбата со нивото на водата во Охридското езеро е алармантна и загрижувачка, посочуваат од таму. Директорот на установата, д-р Елизабета Велјаноска Сарафилоска , вели драстично намаленото ниво на водата може да биде со деструктивен ефект врз живиот свет во езерото. 
„ Најголемо негативно влијание би имало во литоралната крајбрежна зона на езерото, која претставува живеалиште за голем број ендемични растителни и животински видови. Со тоа што големиот дел од крајбрежјето останува без вода подолг период , би дошло до нарушување на природната биолошка рамнотежа и би се загрозил опстанокот на одредени животински и растителни организми“, истакна Велјаноска Сарафилоска.
Од Хидробилошки завод напоменуваат дека не е прв пат да упатуваат реакции до ЕЛЕМ, се случувало и порано да се намали водостојот на езерото.Треба да сфатиме дека Охридското езеро не е акумулација туку природен уникатен систем од светско значење кое го привлекува вниманието не само на домашната туку и на светската научна јавност. Од Хидрбиолошки сметаат дека реакцијата до ЕЛЕМ не е задоцнета.
„ Ние го пративме мината недела апелот со надеж дека свеста ќе проработи и се ќе се врати во нормален тек, ќе се затворат портите и ќе се намали истекот на водата од Охридското езеро. Сепак, не може да зборуваме за закаснети реакции мора да сме свесни дека и во овој момент ако се затворат портите и се намали испустот на водата нема да е закаснета реакцијата“, нагласува д-р Елизабета Велјаноска Сарафилоска директор Хидробиолошки завод.
Од Хидробиолошки завод нагласуваат дека во овој момент неопходно е ЕЛЕМ да преземе чекори. Мора да се намали истекот на водата и да се зачува Охридското езеро како уникатен еко систем.
Поместени термините на средношколските ескурзии
Традиционалните, средношколски ескурзии годинава се поместени.
Самопомош за нопаци
Луѓето се` повеќе имаат негативни мисли во нивните глави, а се` помалку време поминуваат размислувајќи на убави нешта. Со тоа самите тие привлекуваат негативна енергија која може да има лошо влијание врз нивниот живот.
Штетното влијание на азбестот
Во Охрид голем број објекти за домување, сеуште се градат од азбест. Овој материјал претставува минерал кој може да направи огромни штети по здравјето на луѓето.
Во охридскиот Центар за култура ќе работи детско младинско студио
Во охридскиот Центар за култура ќе работи детско младинско студио.