Многумина од наставниот кадар, носители на бактерии
По иницијатива на „Министерството за здравство“, ЗЗЗ од Охрид спроведе санитарнини лекарски прегледи во сите образовни институции.
Недела неработен ден дополнителен удар врз туристичкиот сектор
Хотелско–угостителскиот сектор е на работ на преживување. Плаќањето на двојно поголеми дневници за вработените во недела, исплатата на К15 и најавите за зголемување на минималната плата ќе стават клуч на врата на голем број компании во туризмот, велат од ХОТАМ.
Националната конференција ЕТАИ, по 9-ти пат
Националната конференција со меѓународно учество ЕТАИ, се одржува по 9 ти пат. На овој мултиконференциски настан присуствуваат повеќе од 250 презентери на трудови од 20 земји. Нашите млади истражувачи на исто рамниште со светските.
Се е подготвено за големиот христијански празник Богојавление- Водици
Завршија и последните подготовки за утрешната црковно-народна манифестација Богојавление- Водици. Се очекува по крстот да скокаат неколку стотини капачи, а чинот да го проследат неколку илјади гости.
Млечни производи се продаваат на тезга
На охридскиот пазар секој понеделник може да се купи сирење, изварок и млеко помеѓу тезгите со зеленчук и овошје.
„Храбро срце“ го одбележа Светскиот ден на органодарителството
Здружението „Храбро срце“ со делење едукативни флаери на охридскиот плоштад денес го одбележа Светскиот ден на органодарителството. Минатата година беше направена првата трансплантација која влева надеж за нов живот кај пациентите. 20 пациенти во земјава сеуште чекаат трансплантација на срце.
Градска мачка ќе крстари низ охридските улици
Станува збор за Специјално возило метачка, од типот СИТИ КЕТ, која ќе ги гланца улиците.
„Танцот со пастрмките“ пред очите на охридската јавност
Документарниот филм „Танцот со пастрмките“ промовиран пред охриѓани. Овој филм изобилува со ексклузивни подводни снимки од мрестот на охридската пастрмка , а најнесекојдневна и можеби неповторлива е онаа кога искусниот нуркач Милутин Секулоски бакнува матица која се мрести во водите на Охридското Езеро.
На луѓето им олеснува кога ќе го кажат проблемот
Очи во очи граѓаните со градоначалникот. Денеска Петрески сослуша дел од проблемите на охриѓани. Граѓаните сметаат дека градоначалникот пред се е човек и веруваат во неговото делување.