Skip to main content
Јан 18, 2017

Завршија и последните подготовки за утрешната црковно-народна манифестација Богојавление- Водици. Се очекува по крстот да скокаат неколку стотини капачи, а чинот да го проследат неколку илјади гости.


Сеп 28, 2009

На охридскиот пазар секој понеделник може да се купи сирење, изварок и млеко помеѓу тезгите со зеленчук и овошје.


Авг 13, 2021

Здружението „Храбро срце“ со делење едукативни флаери на охридскиот плоштад денес го одбележа Светскиот ден на органодарителството. Минатата година беше направена првата трансплантација која влева надеж за нов живот кај пациентите. 20 пациенти во земјава сеуште чекаат трансплантација на срце.


Сеп 26, 2009

Станува збор за Специјално возило метачка, од типот СИТИ КЕТ, која ќе ги гланца улиците.


Јан 18, 2017

Документарниот филм „Танцот со пастрмките“ промовиран пред охриѓани. Овој филм  изобилува со ексклузивни подводни снимки од мрестот на охридската пастрмка , а најнесекојдневна и можеби неповторлива е онаа кога искусниот нуркач Милутин Секулоски бакнува матица која се мрести во водите на Охридското Езеро.


Сеп 26, 2009

Очи во очи граѓаните со градоначалникот. Денеска Петрески  сослуша дел од проблемите на охриѓани. Граѓаните сметаат дека градоначалникот пред се е човек и веруваат во неговото делување.


Јан 18, 2017

Денес во малата општинска сала беа доделени благодарници на сите партнери кои соработуваат со Општинскиот Совет за безбедност на патиштата. Заеднички придонес кон подигнување на севкупната сообраќајна безбедност во Охрид, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и намалување на бројот на жртви, е основна цел на работата на ова тело.


Сеп 26, 2009

Странците побројни на охридското крајбрежје вон сезона.


Јун 18, 2015

Прв пат по сто години една жена ќе се најде на банкнота од 10 американски долари