Дек 3, 2024
ЈП Градски Пазар Охрид
ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на земјоделски и млечни производи
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар и Мини Пазар на Ул Сирма Војвода бр.7.
Дек 3, 2024
ЈП Градски Пазар Охрид
ЈП Градски Пазар Охрид издава под закуп тезги за продажба на новогодишни украси кај Стариот Чинар
По повод Новогодишните и Божиќните празници, ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД издава под закуп унифицирани тезги за продажба на Новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот Чинар).
Дек 3, 2024
црвен крст – охрид
Симулациска показна вежба за евакуација и спасување во РЦСОО „Ванчо Питошески“
Симулациската вежба ќе започне во 10:30 ч.
Дек 3, 2024
ухмр
Сончево со умерена облачност
Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 2 до 8 степени Целзиусови.
Дек 2, 2024
јп водовод – охрид
Забрана за пиење вода во с. Лескоец поради контаминација
Од страна на ЈЗУ ЦЈЗ – Охрид земена е повторно вода за анализа од ова мерно место и се додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу мерно место с.Лескоец – Охрид.
Дек 2, 2024
Бислимоски: Не очекувам дека ќе има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата поголемо од 1%
Од 1 јануари 2025 цената на струјата ќе се зголеми за најмногу 1 процент, според пресметките на Регулаторната комисија за енерегетика. За дополнителен час евтина струја во текот на денот ќе почекаме до напролет.
Дек 2, 2024
Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е новиот директор на НУ „Охридско лето”
Цуцковски на македонската јавност ѝ е познат по својата богата интернационална кариера којашто вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и ширум Европа.
Дек 2, 2024
Панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“ во четврток во Касарна Хаб
Панелот ќе понуди можност за транспарентно излагање на досегашните чекори спроведени според Планот за управување со отпад во југозападниот и пелагонискиот регион, пречките во неговото остварување, здравствените проблеми што настануваат со ненавременото решавање на овие еколошки проблеми и улогата на граѓанскиот сектор во изнаоѓање на конструктивни и оддржливи решенија.
Дек 2, 2024
општина охрид
Општина Охрид со известување за наплата на фирмарина
Сите обврзници на комунална такса –фирмарина кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски треба да ги подмират своите обврски најдоцна до 06.12.2024 год.