Дек 4, 2024
општина охрид
Проф.д-р Павле Митрески е добитник на највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“
Проф.д-р Павле Митрески е годинешен добитник на највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2024 година. Стручната комисија за доделување општински награди и признанија во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите, проф.д-рТатјана Димоска, Славе Ѓорѓо Димоски, Горан Стојаноски и Горан Патчев, одлуката ја донесоа едногласно и го доставија предлогот до градоначалникот Кирил Пецаков.
Дек 4, 2024
Денес се одбележува Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
Православните верници денес го одбележуваат празникот на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.
Дек 4, 2024
ухмр
Променливо облачно време со слаб локален дожд
Во Охрид температурите ќе се движат од 4 до 9 степени Целзиусови.
Дек 3, 2024
Дневните центри за лица со попреченост треба да бидат под државна капа
Дневните центри за лица со пореченост значат живот за штитениците и за нивните семејства. Нивното функционирање треба да биде стабилно и финансирано од државата, сметаат стручните лица и родителите на лица со попреченост. Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември општеството се потсетува на правата на лицата со попреченост и дека треба да градиме одржлива, инклузивна и праведна иднина за сите. Меѓународниот ден на лицата со попреченост беше одбележан во Дневниот Центар Зраци во Охрид кој постои 25 години.
Дек 3, 2024
Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид
Во петок ќе биде отворена „Изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј“
На изложбата ќе бидат презентирани експонати што се дел од богатата етнолошка збирка при НУ Завод и Музеј – Охрид. Вредни примероци, врвни занаетчиски изработки, највпечатлив накит на народната носија, но и дополнителен украс на градската облека што се носеле до средината на XX век.
Дек 3, 2024
СВР Охрид
Уапсена 19 годишна девојка на охридскиот аеродром, кај неа биле пронајдени девет куршуми за пиштол
На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле” во Охрид, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 19 годишна од тетовското село Жилче.
Дек 3, 2024
Лила Каранфиловска од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани е прогласена за најдобар наставник во регионот
Одделенската наставничка Лила Каранфиловска од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани е прогласена за најдобар наставник на 7-мата регионална Конференција на најдобрите наставници, директори и образовни лидери во регионот во Велика Горица, Хрватска.
Дек 3, 2024
ЈП Градски Пазар Охрид
ЈП „Градски пазар“ издава под закуп типизирани тезги – куќарки на плоштадот Св. Климент Охридски
ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење.
Дек 3, 2024
ЈП Градски Пазар Охрид
ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на земјоделски и млечни производи
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар и Мини Пазар на Ул Сирма Војвода бр.7.
