Skip to main content
Сеп 18, 2009

Немаме подготвени проекти по теркот на Европска Унија. Престои ризик земјата да остане без парите на европските фондови.


Јун 17, 2015

Портпаролот на компанијата Metro-Goldwin-Mayer ја објави смртта на американскиот милијардер


Сеп 18, 2009

Државниот Грб на Република Македонија кој датира  од 1946 година ќе се менува.


Јан 12, 2017

Пукнатите хидранти во станбените комплекси се грижа на куќните совети или Агенцијата која е задолжена за одржување на тој објект. Таква хаварија денес регистрира камерата на ТВМ во Трговскиот Центар Градско Пазариште, а екипата на МЈП Проаква реагираше веднаш и покрај што не се надлежни за санирање на дефекти од ваков карактер.


Сеп 17, 2009

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи ги утеши претставниците на Невладиниот сектор. Годинава буџетските средства за подршка на невладините организации се многу пониски.


Дек 2, 2013

Со новите измени во Законот за кривична постапка , клучна улога во истрагите добива јавниот обвинител, додека пак се намалува улогата на судот во истрагата, односно се укинува функцијата Истражен судија.


Сеп 17, 2009

ТВМ дознава  дека деновиве до регионалниот центар за заштита на културното наследство во Венеција, била доставена иницијатива за отворање на Локална канцеларија на УНЕСКО.


Јан 12, 2017

Денес во Општина Охрид беа доделени наградите за најубаво украсен двор. Годинава во избор на девет учесници, првата награда ја освоија Иванка и Бруно Гигер, второто место е за семејството на Наумче Неданоски, а третата награда за Антоанета Тасеска. Првонаградените средствата од наградата ќе ги донираат за семејството Садик, чиј дом неодамна беше уништен во пожар.


Сеп 17, 2009

Со симболичен „Марш на мирот“, „Сојузот на борците“ од Охрид ќе го одбележи 21ви септември, меѓународниот ден на мирот во светот.