Напад на автобуска!
Чекачите на гости групирани на повеќе локации низ централното градско подрачје, во голема мерка ја нагрдуваат првичната слика на туристите за Охрид. Општинскиот инспекторат, врз кого се префрла сета вина, немоќен да ја реши оваа состојба.
Најубавото село на светот
Малечкото античко село во југоисточна Полска наречено Залпие е дефинитивно едно од најубавите и најпосететните туристички атракции на Полска, не поради тоа што има хотели со пет ѕвезди, туку напротив, поради малите дрвени колиби, кои се исцртани со различни бои.
Подводните убавини на езерово на DVD
Најдобрите снимки од подводниот свет во Охридскотот езеро претопени во ДВД.
Љубе Бошкоски носител на пратеничка листа за 5 -та изборна единица го посети Охрид.
Љубе Бошковски носител на пратеничка листа за 5 -та изборна единица го посети Охрид.
Со музиката сме поблиски
Холандски и Македонски музичари на музички план ќе ги приближуваат културите на двете земји.
Хемиска кастрација за македонските педофили?
Со измените на Кривичниот законик, ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на кривичниот Законик.
VIP превоз за само 2 денари
Превоз за само 2 денари од центарот на градот до Градиште со ВИП.
Тунтев: Сегашниот здравствен систем во Македонија не ги лечи луѓето… ги разболува
Состојбите во охридското здравство се катастрофални, а тоа посебно важи за охридската Општа болница. Условите во охридската болница се очајни, поразителни и под секакво човечко достоинство, како за пациентите, така и за медицинскиот персонал. Болницата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде што нестручни и несовесни кадри од власта секојдневно практикуваат партиско осветољубие и реваншизам врз политичките неистомисленици, обвини денеска на прес конференција, Томислав Тунтев , кандидат за пратеник од СДСМ. Сегашниот здравствен систем во Македонија не ги лечи луѓето… ги разболува!- кажа Тунтев и представи дел од мерките од Програмата за живот во македонија од сферата во здравството.
Денес во Проаква се дели плата
Вработените на МЈП Проаква веќе 4 месеци одат на работа без пари.