Акција на „Водовод“ за пронаоѓање на нелегални приклучоци
По мноштвото реакции од корисници поради недостиг од вода за пиење и неколкуте апели за рационално користење на водата посебно во периодот со ектремно високи температури, се известуваат корисниците на водоснабдителениот систем со кој стопанисува ЈП ВОДОВОД Охрид, дека во тек е акција за пронаоѓање на нелегални приклучоци и контрола на водомерните броила, велат од ЈП Водовод Охрид.
Опсност Охрид да биде избришан од Унеско
Екологистите загрижени за членството на Охрид во Унеско.
Арнаудов: Следуваат многу проекти во патната инфраструктура на Охрид
Денешната пресс конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ се одржа во Пештани. Кандидатот за пратеник во 5 ИЕ, Д-р Љубен Арнаудов рече дека ВМРО ДПМНЕ изминативе години започна инвестициски циклус во делот на патнта инфраструктира, се спроведоја голем број реформи и услуги со што се олесни функционирањето на транспортниот систем. Тој додаде дека во делот на патната инфраструктура во градот Охрид предвидени се многу проекти.
Комунални редари во градов
Комунални редари ќе ставаат ред во запуштените дворови и зелените неодржувани огради.
Ракометен викенд во Охрид
Во Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ овој викенд ќе се одигра Куп на Македонија во Ракомет.
Нов куќен ред?!
Трет неуспешен обид на Локалната Самоуправа во Охрид да воведе куќен ред. Легитимирањето – кај граѓаните создава револт и незадоволство. Новиот куќен ред вчера се воведе, а денес не функционира.
Се избра фирмата која ќе го украсува градот
Од наредната недела централното подрачје на градов ќе почне новогодишно да се украсува. Скопска фирма ќе се погрижи за Охрид да блесне во потполн сјај. Според Локалната не се доцни со новогодишното украсување на градот бидејќи до католички божик, кога доаѓаат и првите гости во Охрид, тој ќе биде накитен.
Втор уписен рок за полуматурнатите
Незапишаните полуматуранти ќе можат да конкурираат на некое од средните училишта во текот на вториот уписен рок, своевремено објавен од страна Министерството за образование.
Ќе расте бројот на вработени во ОДВ Електрик
ОДВ Електрик во Охрид како браунфилд инвестиција работи со полна пареа. Од досегашните 220 вработени, бројот во наредната година ќе порасне на 1200 вработени. Исто така во првиот квартал од 2017 година ќе биде готова првата фабрика на ОДВ Електрик во индустриската развојна зона во Охрид Струга.