Ное 29, 2024
црвен крст – охрид
Денес ќе се одржи доделувањето на наградите од конкурсот “Животот е убав”
На конкурсот можеа да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација, со поезија, проза и ликовна уметност.
Ное 29, 2024
Денес повторно на репертоарот хит претставата „Секс, лаги и љубомора“
Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари.
Ное 29, 2024
29 ноември – спомен на Денот на Републиката
Во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 11 часот традиционално ќе се одржи историски час на тема „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава”.
Ное 29, 2024
Денеска се празнува Св. Апостол и Евангелист Матеј
Православните христијани денеска го празнуваат Св. Апостол и Евангелист Матеј.
Ное 29, 2024
Денес ќе бидат предадени во употреба новите простории на Управните служби при ОВР Струга
На овој настан, што ќе се одржи во 11 часот, во поранешната зграда на општина Струга, ќе присуствува и заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исеини.
Ное 29, 2024
ухмр
Oблачно со повремени врнежи од дожд
Денес температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 9 до 10 степени Целзиусови.
Ное 28, 2024
Дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј погребан во Плаошкиот манастир
Свештеници, монаси и верници во голем број денес на Плаошник се простија од Митрополитот Дебарско кичевски Владиката Тимотеј. Тој ќе остане запаметен како голем градител, и возобновител на цркви манастири, но и по неговите силни заложби за развој на монаштвото.
Ное 28, 2024
Објавени јавните повици за концесии за комерцијален и рекреативен риболов на Охридско Езеро
Езерото се доделува за стопансисување поделено на седум зони и секој концесионер ќе биде задолжен за физичка заштита на рибниот фонд во својата зона. Во однос на рекреативниот риболов езерото е прогласено за една зона и ќе се врати рекреативниот риболов со блинкер.
Ное 28, 2024
Во Колумбија запленети рекордни 225 тони кокаин
Операцијата Орион, кооперативна операција меѓу 62 земји, открива дел од рекордот на нова рута на дрога што се користи од „нарко подморницата“.