Руралниот туризам во слаб подем
На странците ретко им се нудат туристичките можности во руралните средини.
Ново поскапување на горивата
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,6 отсто.
Од први јули летен режим на сообраќај
Советниците денеска ја изгласаа оваа одлука, но со забелешка дека на Охрид му недостасува сообраќајна студија за режим на сообраќај за преку цела година.
Лазаревска: Незнаењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ резултира со целосна деградација на македонското образование
Незнаењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кулминираше со безмилосно трошење на народните пари на “проекти“ од типот : „Компјутер за секое дете“, екстерно тестирање и оценување на учениците и наставниците , целосно нефункционална Кембриџ програма, пренатрупаност на наставниот кадар со двојна администрација и многу “проекти“ кои на крајот резултираа со целосна деградација на македонското образование, обвини кандидатот за пратеник од СДСМ, Жаклина Лазаревска.
Како се трошат буџетските пари
Прифатен извештајот за остварување на буџетот за првиов квартал од годинава.
Земјен пат и дупки како кратери во населбата Горно Трно
Жителите од населбата Горно Трно Четврта урбана единица Охрид бараат асфалтирање на земјениот пат кон Лескоец долг 2 км. На овој потег има десеттина куќи, викендици и неколку фарми. Сопствениците се жалат дека немаат пристап. Од општина Охрид ветуваат негово уредување идната година.
Кој ја сака Проаква?
Растат апетитите за управување со МЈП Проаква.
ФТУ со нови мерки за практична настава на студентите
Факултетот за туризам и угостителство потпиша договор со охридските хотелиери и туристички агенции за условите под кои ќе се изведува практичната работа на студентите за 2017. Од ХОТАМ предлагаат низа мерки во полза на студентите практиканти.
Прва работна седница на советот на општината
Советот на општина Охрид денеска ја одржа третата седница, прва работна.