СДСМ и Сојузот на еѓипќани ќе соработуваат
СДСМ и Сојузот на еѓипќани потпишаа меморандум на соработка.
Ѓубре и неред „Кај Паднатине“
Денес во рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од „Кај Паднатине“ на кои се гледа ѓубре кое е расфрлано од несовесните граѓани.
Градоначалник кој ќе воспостави нови критериуми
Тесната предност на Петрески- резултат на неформална коалиција со сомнителни структури, обвини кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ.
Реконструкција на улиците во стариот дел на Охрид
Согласно програмата на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта, деновиве започна реконструкција на улицата „ Коста Абраш“. Поради изведувањето на градежните работи улицата времено е затворена за сообраќај.
Децата се едуцираа за екологијата
Децата во Братство Единство, Лескајца преку игра се едуцираа за екологијата.
Романски уметници вечерва на „Охридско лето“
Целовечерен концерт во рамките на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе одржат романско-германскиот контрабасист Петру Иуга и романскиот пијанист Хориа Михаил. Тие ќе настапат вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Ревија на српски филмови во Охрид
Од утре до 28-ми март, во Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“, охриѓани ќе имаат можност да проследат ревија на српски филмови.
Промовирана монографијата 40 години од формирањето на општинскиот фудбалски сојуз и здруженеито на фудбалските судии во Охрид
Промовирана монографијата 40 години од формирањето на општинскиот фудбалски сојуз и здруженеито на фудбалските судии во Охрид.
4 децении историја на фудбалскиот спорт во Охрид поместени на 350 страници, збогатени со многу фотографии. Денес беше промовирана монографијата „40 години од формирањето на општинскиот фудбалски сојуз и здружението на фудбалските судии-судиска комисија, од перидот 1976 до 2016 година. Авторот на ова вредно дело е долгогодишниот спортски работник во областа на фудбалот Димче Стојкоски Лепи.
„Сите случувања, учества, работата на клубот во сите овие 40 години, победници, доделувањето на плакети, предавања на пехари. Има и претставници од сите претседателства, а ги има 60, фотографии, прв управен одбор, иницијативен одбор, татко и син што играле фудбал, татко и син што суделе, браќа што играле фудбал, се е во таа книга, “напоменува авторот Димче Стојкоски Лепи.
Димче Стојкоски Лепи е со фудбалот од неговата младост. Започнал во 1955 година, потоа продолжил како фудбасли судија, па како делгат во општинскиот фудбалски сојуз. Две години работел на монографијата, а потпојано прибирал материјал и поскаувал за овој јубилеј да ги објави сите значајни информации од историјата на охридскиот фудбал.
„Бев во контакт со фудбалот. Бев присутен на сите терени и бев задоволен што само за мал дел ми недостасува фотографии, некои ми дадоа, а некои ги немаа“, вели Стојкоски.
Димче Стојкоски Лепи е автор на 9 книга од областа на фудбалот. Во 2011 година е прогласен за најдобар спортски работник во Охрид, а во 2015 година ја доби општинската награда за животно дело во областа на спортот.
Познати се имињата на советниците во градскиот совет
Познати се имињата на советниците кои во идните четири години ќе ја креираат иднината на градот.