Ное 20, 2024
„Кралот на земјата“ Надал го одигра последниот меч во кариерата
„Вистината е дека никогаш не сакате да стигнете до оваа точка. Не сум уморен од играњето тенис, но моето тело веќе не сака да играм и мора да го прифатам тоа. Се чувствувам суперпривилегирано што успеав моето хоби да го претворам во мојата професија“, изјави 38-годишниот Надал.
Ное 20, 2024
Златен и бронзен медал за охридски гимназијалки на 57-те Детски Рацинови средби
Сара Петкоска (IV-3) на натпреварот во ораторство ,,Мене и душата ми е црвена” освои прва награда и златен медал, Симона Димитриеска (II-7) на меѓународниот поетски конкурс ,,Мене и душата ми е црвена” освои трета награда и бронзен медал.
Ное 20, 2024
Лишени од слобода две лица од Струга поради опожарување возило, одреден им е притвор
Поднесена е кривична пријава против двете лица за извршено кривично дело по член 288 од КЗ, и од страна на судија на претходна постапка на двете лица изречена им е мерка притвор од 30 дена.
Ное 19, 2024
Охриѓани уште две години ќе почекаат за да запливаат во нов затворен базен
Објектот чија изградба започна пред 10 години се уште не е завршен. Објектот е готов околу 60%, но поради одолговлекувањето во изградбата и она што е на почетокот изградено почнува да се распаѓа и ќе биде потребна санација.
Ное 19, 2024
Младинска конференција за бизнис и претприемништво во Младински Центар Охрид
На настанот е предвидена Панел дискусија во која ќе учествуваат : Марта Пејоска, дизајнер Галерија „Марта Пејоска“ ; Борче Димоски основач на Digital Box, Томе Укоески CEO Opta Vista, а модератор на дискусијата ќе биде Јован Цветкоски, раководител на МЦО.
Ное 19, 2024
свр охрид
СВР Охрид: Пријавено агресивно и непристојно однесување кон наставник во основно училиште
По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ное 19, 2024
Шон Дафи – водителот на „Фокс њуз“ е норминиран за министер за транспорт
Пред да ја започне својата кариера во јавната служба, Дафи беше обвинител и реалити ТВ ѕвезда, појавувајќи се во неколку емисии, вклучувајќи ги „Реалниот свет: Бостон“ и „Правила на патиштата: Сите ѕвезди“.
Ное 19, 2024
Николоски: Планираме да направиме отворен систем на патарини
Во однос на модернизација на патарините тој истакна дека тоа е поради воведување на таговите што ги користат и странски граѓани и е дел од обврските на Отворен Балкан.
Ное 19, 2024
Приведен албански државјанин на граничен премин, пронајдени монети со археолошка вредност
Со лицето бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка.