Александар Китески со реакција на прес конференцијата на Наташа Танеска
Посакувам наводите кои ги изнесов во прес конференцијата да бидат невистинити, а Наташа Танеска да е во право. Тоа ќе значеше помалку проблеми за образовната институција која таа ја предводи, а самото тоа води кон поквалитетно образование за нашите најмили, децата. Но за жал, вистината е онаква каква што ние ја презентиравме, се вели во реакцијата на Александар Китески, секретар на општина Охрид.
Одржана трибина на НСДП посветена на туризмот
Кандидатот за градоначалник, Ацо Попоски, ја презентира визијата за подолга туристичка сезона во Охрид.
Сеуште се чека измена на деталниот план за изградба на нов објект кај маларична Охрид
Волја за изградба на Ургентен Центар на местото на маларична во Охрид има. Од Акционерското Друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, велат дека се чека општина Охрид да го измени ДУПот, за ова место, за што веќе е поднесена иницијатива, а после тоа веднаш ќе отпочнат со реализација на овој голем проект. Директорот Цветко Грозданов смета дека изградбата на Ургентниот центар многу ќе значи за градов бидејќи истиот ќе биде најсовремен во Македонија.
МИМ во потрага по идни новинари
Охридските матуранти имаат можност за бесплатна стипендија на високата школа за новинарство.
СВР Охрид: Навремено се забележани 9 пожари, поставени се полициски пунктови
Со цел за поефиксна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, СВР Охрид, на целото подрачје постави полициски пунктови од каде се надгледуваат отворените простори и спроведува полициски патроли за преглед на шумските терени, посебно на потенцијални покритични места.
Проекти од прогррамата на ВМРО-ДПМНЕ
Изградба на олимписки базен, нови спортски терени и современа марина се дел од проектите на Нанче.
Концерт – Ансамблот Билјана и пријателите
„Ансамблот Билјана и пријателите“ е насловен концертот на музичкиот состав „Билјана Јуниор“. Овој настан ќе биде во рамките на свеченото одбележување на 75 годишнината од народното востание кое го организира општина Охрид.
Љубе Бошкоски одржа митинг во Охрид
Сакам Македонија да биде просперитетна и надежна земја, им се обрати Бошкоски на охриѓани.
Објавен оглас за идејно решение за изградба на катна гаража
Изградбата на катна гаража во Охрид ќе се прави по специјален план. Во моментов објавен е оглас за идејно решение. Исто така се се чека одлука од охридскиот Совет со која одлука ќе се поведе постапка за обештетување на правните лица или граѓаните кои што имаат дел од земјиштето во која се зацртува градбата на катната гаража.