Ное 15, 2024
Започнува Фестивал на волонтерски АКТ во Касарна Охрид
Приклучи се на проектот “Активирај, Креирај, Трансформирај!” и станете дел од револуцијата што го менува Охрид! Преку активности кои промовираат одржливост, култура и единство, младите ќе создаваат практики, што ќе би ја дополнувала својата секојдневност и би го збогатил спектарот на согледување, велат од АРХРИД.
Ное 15, 2024
општина дебрца
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2025 година
Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден во понеделник 25.11.2025 со почеток во 10:00 часот во сала на совет на Општина Дебрца, каде поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.
Ное 15, 2024
црвен крст – охрид
Црвен крст спроведува истражување за проценка и справување со ризици кои имаат влијание врз заедниците
Проценката на ранливост и капацитет, преку посебни алатки ја мери изложеноста на луѓето и нивните капацитети за отпорноста од природните катастрофи и несреќи и придонесува во креирањето на програми за подготвеност при катастрофи во заедницата.
Ное 15, 2024
ухмр
И денес времето променливо облачно со врнежи од дожд
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 7 степени Целзиусови.
Ное 14, 2024
јп водовод – охрид
Вечерва Трпејца без вода поради дефект на водоводната мрежа
Санацијата на дефектот ќе се врши утре во раните утрински часови.
Ное 14, 2024
Потребна е национална стратегија за справување со пожарите
За поефикасно справување со пожарите, потребна е национана стратегија. Координирано и здружено делување од страна на надлежните институции. НП Галичица ги јакне капацитетите за брзо и ефикасно справување со пожарите. Се обновува амортизираната опрема на ренџерите и возниот парк.
Ное 14, 2024
Големата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски на 19-ти ноември во Охрид
Картите (300ден) се веќе во продажба во А2 тобако и Даблин Паб. Близу 200 карти веќе се продадени до овој момент.
Ное 14, 2024
Ребаланс и расправа за реализацијата на капиталните проекти ветени на граѓаните
Советниците на денешната четириесет и осма седница расправаа и ги усвоија измените на програмите и ребалансот на буџетот за 2024 година во кој се вметнати и проектите кои ќе се реализираат со средствата одобрени од Владата. На седницата се разви дискусија за тоа колку локалната власт реализира капитални проекти.
Ное 14, 2024
Од утре стартува задолжителната обврска за носење на зимска опрема во моторните возила
За возила до 3500 килограми како зимска опрема се сметаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри, како и летни гуми со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри, како и синџири за снег со адекватна големина.