Судење за собраќајката на 25 септмври
Денеска започна третиот по ред претрес во врска со сообраќајката, во која на 25 септември оваа година трагично почина двајцата наши колеги од Супер радио и сограѓаните Влатко Пантоски и Наумче Аврамоски од Охрид.
Цветков: Пастрмката сеуште ја нема доволно во Охридското Езеро
Пастрмката сеуште ја нема доволно во Охридското Езеро. Министерството за земјоделие годинава издвои 10 милиони евра за порибување на езерото со поголем број подмладок на пастрмка. Но, според министерот за земјоделие, по се изгледа дека и тоа нема да биде доволно, бидејќи останува проблемот дека пастрмката од нашата страна е заштитена согласно законот за рибарство, додека пак во соседна Албанија сеуште не постои закон во тој дел.
Нова фиксна телефонија во Охрид
Првиот кабелски оператор во градов, „Инфел“, на прославата на 10 годишниот јубилеј го промовира најновиот проект – фиксна телефонија. Телефонскиот сервис ќе биде без претплата, а на граѓаните им се нудат три тарифни модели.
УЕФА го возвраќа ударот
УЕФА ја продолжи својата борба со мафијата за местење натпревари и сите оние кои учествувале во местењето на нивните резултати.
Конечно ќе се изгради заобиколницата Железничка
Владата вети дека во текот на месец февруари ќе биде изградена заобиколницата Железничка.
Нови наслови во Библиотеката
Од градската библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ви предлагаат нови наслови.
Охрид ќе се штити со закон
Законот за Охрид кој години наназад се најавува, веќе е изготвен.Со него ќе бидат регулирани голем број работи кои досега се провлекуваа и ја загрозуваат автентичноста на градот.
540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи
Започна новата учебна година. 540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи. Претставници од локалната ги посетија основното училиште „Св.Климент Охридски“ и општинското средно стручно училиште Св. Кирил и Методиј. На учениците им посакаа многу успеси и стекнати знаења кои ќе ги применат во понатамошниот живот.
Oхридските земјоделци ќе можат да изнајмат дражавно земјоделско земјиште
Во Охридскиот регион под закуп се издава државно земјоделско земјиште со површина од 59 хектари и 59 ари. Максималните површини кои може да се добијат со аплицирање од страна на еден понудувач изнесуваат до 10 хекатри.