Проектот за управување и заштита на Дримскиот басен речиси готов
Започнува реализирањето на проектот за управување и заштита на Дримскиот басен. Петгодишната упорна работа за брзо време ќе биде крунисана со конкретни резултати. Во проектот се вклучени четирите држави низ кои минува реката Дрим.
Неколку гробови недозатрупани со земја на охридските гробишта
Некоку гробови на охридските гробишта останаа недозатрупани со земја, реагираат граѓани. Од Јавното претпријатие кое управува со гробните површини посочуваат дека тоа е пропуст на приватните оператори при извршување на закопите. Додека пак трите приватни оператори кои имаат лиценца за погребување, тврдат дека уредно по сите законски прописи ги вршат погребите.
Охрид сеуште нема јавни тоалети
Локалната и покрај законските одредби нема одредено локации каде ќе се постават јавни тоалети. Министерството за транспорт и врски на општините ќе им ги намали трошоците ако јавните тоалети се лоцираат на државно земјиште.
Македонија на енергетски план, подготвена за ЕУ
Дел од Охрид без струја
Поради сообраќајна незгода на улицата „Гоце Делчев“ граѓаните кои живеат на таа улица останаа без електрична енергија.
Локалната гради, вандалите уништуваат
Успешно реализирана изградбата на детското игралиште кај поранешен „ Стобекс“ во населбата „ Видобишта“. Но, и покрај тоа што Општина Охрид продолжува со изведба, реконструкција и изградба на детски игралишта, не престанува вандалското однесување кон јавните добра во градов.
Државните просветни инспектори ги запоседнаа охридските училишта
Петнаесет државни просветни инспектори, без валидни легитимации, направија упад во охридските основни и средни училишта и го прекршија Законот за просветна инспекција истакна Митре Велјаноски од секторот за јавни дејности при локалната самоуправа Охрид.
Маса повторно ќе се тестира со Ф2007
Во Охрид нема појави на грип
Зимскиот период и раната пролетт се најчестиот период кога се појавуваат епидемиите на грип.